
Доколку сакате да бидете забележани на градскиот тротоар одлучете се за капут во бордо-црвена, окер жолта или мастилно сина боја.
Ниските температури диктираат тренд на топли јакни и капути. Директно од светските модни центри пристигна тенденцијата на капути во впечатлива боја.
Доколку сакате да бидете забележани на градскиот тротоар одлучете се за капут во бордо-црвена, окер жолта или мастилно сина боја.
Додатоците од крзно се добредојден детаљ кој освен што е ултра модерен е и одличен начин да се стоплите.
Капутите во војнички стил и оваа сезона ќе задржат едно од трендовските места, а за на планина одлучете се за спортски модел на долга јакна .
Спортска елеганција

Stradivarius
Капутот во боја со средна должина и интересни копчиња е моден погодок број еден за оваа зима кога станува збор за урбаната мода. Stradivarius нуди модели кои се комбинација на едноставност и спортска-елеганција , а бојата е пресудна да бидете забележани и да останете расположени дури и на студеното време.
Спортски стил

Stradivarius
Кратките палта со интересен крој и со капа се одличен избор за дополнување на вашите секојдневни комбинации. Бидете модерни со палто во црвена или жолта боја!
NotForMen препорака: Зимски трендови: Јакни, капути и крзнени бунди
Милитаристички стил

Mango
Војничките модели на капути во темно зелени и нијанси на кафената боја и оваа сезона продолжуваат да бидат моден хит. Освен удобност, овие модели се императив кога станува збор за урбаната мода. Само треба да внимавате на изборот на соодветни обувки.
Урбана мода

Ann Christine
Долгата спортска јакна е вистински избор за вашиот викенд на планина. Моделите од дебел материјал и со ремен на половината се одличен избор и за долгите прошетки низ градот. Црните, кафените и сивите нијанси се предлог од светските дизајнери.
.gif)






















.gif)























