
Освен за бунда од природно или вештачко крзно можете да се одлучите и за додатоци од крзно кое ќе бидат оригинално дополнување на вашиот зимски изглед.
Крзното е моден тренд број еден оваа сезона. Освен за бунда од природно или вештачко крзно можете да се одлучите и за додатоци од крзно кое ќе бидат оригинално дополнување на вашиот зимски изглед.
NotForMen препорака: Стоплете се со крзно
На вас останува дали ќе се одлучите за додатоци од крзно на ракавиците, крзнен шал или крзнена чанта!
Погледнете ги идеите директно од светските модни писти!
Крзно на ракавиците

Jo No Fui, Biblos
Доколку го елиминирате модниот тренд ракавиците се задолжителни за да ја заштитите кожата на рацете од ниските температури.
Ракавиците треба да бидат задолжителен дел од вашата зимска гардероба. Оние со додаток од крзно се вистински хит сезонава. Долгите до лакти и со раскошно крзно се вистински начин да ја нагласите елеганцијата и можете да ги носите со најразлични парчиња облека.
Крзнени ракави

Elena Miro, Gaetano Navarra
Крзнените ракави на вашето палто од дебел материјал или џемпер се ултра тренд оваа сезона. Најважно е да бидат меки и да ги дополнуваат останатите зимски елементи од вашиот изглед.
Крзнени чанти

John Richmond, Emporio Armani
Дизајнерските колекции предлагаат најразлични модели на чанти од крзно. Освен мека бушава чанта можете да се одлучите и за комбинација од крзно и кожа.
Доколку сакате загарантирана оригиналност одлучете се за крзно водве бои.
Крзнени капи

Jo No Fui, Gaetano Navarra
Сите додатоци за греење на вашата глава оваа зима нека бидат од крзно. Од крзнените грејачи за уши, па се до раскошната крзнена капа шубара - крзното на вашата глава ќе ве направи вистинска зимска дама.
Крзно околу вратот

Fendi, Krizia
Меко уредно крзно или долг бушав крзнен шал ќе биде вашиот избор? Оваа зима крзното на вашиот врат е апсолутен хит. Освен што ќе ве стопли ќе ве направи ултра модерна дури и на температури под нулата.
.gif)






















.gif)























