
Ни овој пат не изостанаа блескавите детали и тантелата во пастелна нијанса како најверодостоен начин да се истакне женственоста на една дама.
За сите обожавателки на фустаните на Elie Saab новата колекција нуди фустани од кои со право застанува здивот.
Бела бајка

Долгите белоснежни фустани или коктел фустаните со разигран модел и акцент на половината и овој пат беа дел од високата мода каде Elie Saab го има едно од почесните места.
Ни овој пат не изостанаа блескавите детали и тантелата во пастелна нијанса како најверодостоен начин да се истакне женственоста на една дама.
Мотиви од природата

Од снежно бело кое асоцира на студ колекцијата продолжи со потопли мотиви. Елементи од растителниот свет какви што се листовите или цветовите беа обоени во нијансата на морските бранови, бледо зелени и нијанси на дива роза.
Долгите фустани од префинет материјал напоменуваа на оние на нимфите од мистиката, а манекенките се чинеше како да лебдат, а не да одат по подиумот на шоуто.
Урбана провокативност

Од височините на мистеријата модата беше вратена на земјата. Токму со шоуто на Jean Paul Gaultier во кој жената како родена за флерт и урбана комуникација со облеката. Обетки со макси димензии, корсети, прозрачни здолништа, графика на облеката јаки бои – сето тоа ја претставува современата жена и нејзиниот храбар стил на облекување.
Јаки бои на тротоарот

.gif)






















.gif)























