pregnancySkincareНега на кожата во текот на бременоста
Бременоста е период кога кожата бара посебна нега доколку сакате да го зачувате нејзиниот здрав изглед.
kosata220 фризури на Alessandra Ambrosio
Убаво формираните локни и не многу долгата коса даваат поглед кон нејзиното тело.
stava_pudra_so_sungerceПостапка за нанесување пудра
Основата не секој совршен мејкап е рамномерниот тен.
fustaninj1NY Fashion Week: 25 фустани за пролет 2012
Најдоброто од колекциите на дизајнерите погледнете го во продолжение!

Соодветна нега за мрсна кожа

se_mie_lice

Мрсната кожа најчесто се јавува за време на пубертетот, но не е исклучок и во постарите години кога жената повторно е под влијание на хормонски промени. Покрај хормоните, причинители за мрсно лице може да бидат и диетите, нечистата средина, стресот.

Фактор на кој може да се влијае, но кој не може да исчезне, е наследниот. Значи, ако сте наследиле кожа склона кон излачување мрснотии, тогаш ќе имате мрсна кожа целиот живот. Но, денес постојат толку многу третмани што го сведуваат излачувањето на минимум.

Да ја расчистиме дилемата што одамна постои, мрсната кожа не е одговорна за мозолчињата. Мозолките се појавуваат ако не ја чистите кожата редовно и темелно. Кога порите ќе се наполнат со нечистотии, во комбинација со вишокот мрснотии, се формираат акни. Затоа почнете со правилно миење на лицето.

Секогаш  кога се обидувате да ја отстраните мрснотијата со агресивно миење, грешите. Триење на лицето, користење силни сапуни, чистење со алкохолни лосиони се непожелни. Се работи за лице, најважниот дел, не постапувајте со него како да е нечист сад. Вие мислите дека така ќе го исушите, а всушност ја влошувате ситуацијата. Самата кожа за да се заштити, при таквиот третман двојно го зголемува излачувањето.

Ве советуваме да користите специјален лосион за миење мрсно лице. Избегнувајте сé што е базирано на сода. Редовно користете безмасен крем за хидратација, особено пред спиење. Во никој случај немојте да го триете лицето. Можете да употребувате и безалкохолни лосиони за чистење. За дополнителна заштита користете минерална шминка.

Производите што не содржат масни состојки, најчесто се создадени на база на глицерин и вода, а најдобрите од нив содржат екстракти од чај и од овес. Придобивките на овесот за кожата одамна се познати. Конкретно на мрсната кожа влијаат освежително, а не ја сушат премногу. Покрај овесот, за смирување на мрсната кожа најчесто се користи зелен и бел чај, лаванда и камилица, како одлични антиоксиданси.

Некои луѓе сметаат дека мрсната кожа е поврзана со начинот на исхрана. Како најчести фактори ги наведуваат чоколадата и висококалоричните хамбургери. Конкретно за чоколадата, со сигурност велиме дека е одличен антиоксиданс, полезен за целото тело и за мозокот. Што се однесува за хамбургерите, тие и онака знаеме дека се штетни, па ништо чудно да имаат негативен ефект на лицето. Обидете се да ги исфрлите некој период од исхраната, па ќе видите дали има некакво подобрување.




 
Банер
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?