
Лекциите за нега на кожа и за соочување со акните се поинакви за секој човек бидејќи секој има сопствен тип кожа. Иако генерално може да зборуваме за неколку категории како мрсна, сува, комбинирана, сепак, секое лице има свои карактеристики кои бараат посебен третман.
Овој пат ќе зборуваме за суво лице со акни. Проблемот е голем бидејќи ќе се најдете пред дилема какви производи да употребувате. Ако набавите од оние за поттикнување на излачувањето маснотии, ќе го продлабочите проблемот со акните. Не можете ниту да се потпрете на лосионите за сушење на акните бидејќи така дополнително ќе ја исушите кожата.
Имајте на ум дека влагата и маслото се два различни поима. Поради тоа користете производи за комбинирана кожа. Тие ќе ги исушат акните, но ќе влијаат на зголемување на хидратацијата на лицето. Значи, истовремено ќе овозможите апсорпција на мастите во делот со акни, а ќе ја добиете и потребната хидратација.
Секогаш чиста Т-зона...
За побрзо лекување на акните, чистете го лицето. Не смеете да дозволите да го допирате со нечисти прсти или да легнувате со неизмиено лице. Ваквата кожа бара постојана нега. Кај нормалната кожа може да се помине и со чистење еднаш во денот, но вие чистете го најмалку двапати. Притоа внимавајте лосионот да не биде премногу масен, а сепак да ги суши акните.
Задолжително хидратација...
За да му дадете влажност на лицето редовно користете хидратантен крем. Употребувајте полесен без многу масло. Ако навечер го нанесувате и утрото забележувате вишок мрснотија околу Т-зоната, значи дека сте купиле премногу масен. Таквиот крем само ќе го поттикне создавањето на акните, иако позитивно ќе влијае на сувите образи.
Забрзано дејствување врз акните...
Кај сувата кожа со акни дозволено е директно дејствување. Купете си од геловите што се нанесуваат само на акните. Речиси сите козметички куќи располагаат со таков производ. Како на пример, Avon, Vichy, Clean & clear... Иако чинат, сепак гарантираат дека за помалку од 24 часа ќе ги исушат акните. Одлични се за критичните ситуации кога треба да одите некаде, а ви се појавила поголема акна на носот или на брадата.
Умерено изложување на сончеви зраци...
Покрај готовите производи и сонцето ќе ви помогне со соочувањето на проблематичната кожа. Но, и тука постои контрадикторност. Премногу долгото изложување на сонце ќе ја одземе хидратацијата од кожата истовремено забрзувајќи го процесот на стареење. Од друга страна ќе ги исуши акните за многу брзо време. Правилото е едноставно, како и досега, барајте златна средина. Поседете околу 15 минути со лицето на сонце, па потоа скријте се под чадор. Повторувајте го ваквиот третман два до трипати во неделата.
.gif)






















.gif)























