
Херпесот на усните или ранички настануваат под дејство на херпес симплекс вирусот - тип 1. Појавата на херпесотвообичаен проблем што не се појавува само еднаш. Доволно е имунитетот да се намали и веднаш да се појават меурчиња на усните.
Кои се најчестите причини за појавата на херпес на усните?
Контакт со лице што веќе е заразено од вирусот.
Бакнување и пиење од иста чаша со лице што има развиен херпес на устата.
Користење ист кармин или крпа за бришење со другарка или сестра.
Штом еднаш ви се појавил херпес, тоа значи дека ќе го носите вирусот до крајот на животот. Тој одреден период е во латентна состојба, но може да се активира во секое време.
Под какво влијание херпесот може повторно да се активира?
Стрес, преголемо изложување на силно сонце, менструален циклус, неправилна исхрана, недостиг од сон, варирање на температурата, одредена нечиста храна, големо количество алкохол и уште многу други фактори може да предизвикаат повторна појава на херпес.
Како да го третираме херпесот?
Појавата на херпес на усните е навистина непријатно бидејќи е видлив за сите. Жените особено се нервираат кога треба да се подготват за излегување, а на усните имаат голем херпес на кој не смеат да става кармин. Тогаш се јавува дополнителна нервоза која негативно се одразува на брзината на неговото повлекување.
Херпесот на усните се лекува со специјални антивирусни лекови. Во аптеките постојат повеќе видови масти, а една од нив е „херпесан". Внимавајте да ја нанесувате на усните со чисти прсти. Ако ставите мало количество, пред да земете повторно од маста, измијте ги рацете за да спречите ширење на вирусот. За да не мора да ги лекувате меурчињата, штом почувствувате печење и чешање на дел од устата со благо црвенило, веднаш ставете од маста.






































