
Дамките на лицето се чест проблем со кој се соочуваат жените од разни возрасти. Помладите се борат со оние што се појавуваат како резултат на акните, постарите се борат со оние што се појавуваат како резултат на стареењето.
Но, акните и годините не се единствениот фактор. Не заборавајте дека и сонцето има голема улога што од година в година ви се зголемуваат темните дамки. Затоа, покрај млекото за сончање, набавете и специјален крем за лице со заштитен фактор. Тоа треба да биде задолжителен додаток во летната торба.
За проблемот со дамките секогаш можете да се обратите кај својот дерматолог. Но, ако немате доволно финансии за тоа или едноставно не сакате да ја преоптоварувате кожата со тешки хемикалии, посетете ја кујната. Таму ќе најдете природни лекови за лекување на лузните од акните или евентуалните дамки настанати со годините.
Јужно овошје богато со витамин Ц.
Портокалот, цитронот, лимонот се богат извор на витамин Ц кој е најприродниот агенс за белеење. Од овој вид овошја, лимонот се смета за еден од најефикасните природни методи за лекување на трагите од акните. Само треба да нанесете од лимоновиот сок на дамката, со прст, памук или чепкалка за уши. Лимонската киселина ќе влијае на осветлување на дамката.
Лимонов сок.
Освен што можете да го користите во готова форма, како што кажавме, убаво е да го додавате во сите маски за лице. Во сите природни маски без разлика дали се од овошје или од зеленчук, задолжително додадете цеден сок од лимон.
За белеење на дамките идеална комбинација е маската од кајсија и лимон или краставица и лимонов сок.
Сварете магдонос во зовриена вода за да пушти сок. Процедете го и во него додајте исцеден сок од еден лимон. Можете да нанесете и сок од рибизла, јаболко и сок од портокал. Во комбинација со редовниот хидратните крем ќе добиете одлични резултати.
Млеко и мед.
Млекото и медот одамна се користеле за белеење на дамките. Исто како и лимонот, можете да ги нанесувате директно на кожата. Млекото содржи млечна киселина која дејствува како пилинг. Премногу е нежна за кожата, ја измазнува, го изедначува тенот без да предизвика какви било иритации. Медот, пак, е позната формула за обновување на кожата.
Сок од кромид или од лук.
Сокот од кромид или од лук исто така влијае во исчезнувањето на дамките особено оние предизвикани од сонцето. Иако е малку непријатно, сепак дејствува. Треба да го излупите кромидот или лукот, да го исечкате на парчиња за да пушти сок и директно со едно парче да триете на дамките.
Алое вера.
Нормално дека ништо не може да помине без алое вера. Не само што влијае на дамките, туку го подобрува составот на кожата, ја измазнува, ја истегнува, го забавува стареењето давајќи ѝ природен сјај. Маслото од рицинус слично дејствува како алое верата, но со многу помали и побавни резултати.






































