
Сапунот ја затегнува кожата, ја суши и таа почнува да пука. Лосионите за тело до некаде успеваат да ја поправат штетата, но за вистински мазна и нежна кожа почнете да употребувате гел за туширање.
Геловите се навистина револуционерно откритие, кои освен што ја заменуваат улогата на сапунот, ја хранат кожата правејќи ја мазна. Најдобриот момент е тоа што оставаат пријатен мирис, го олабавуваат телото и духот додека сте под тушот.
Денес постојат премногу брендови кои нудат гелови за туширање наменети за секој тип кожа, составени од различни состојки за сечиј вкус. Можете да најдете од овошје, зеленчук како на пример, освежителната краставичка, и секако од билки и цветови.
Постарите луѓе често велат дека ако не ја истријат кожата со сапун имаат чувство како да не се избањале. Самата сувост на кожата ги залажува дека тогаш се отстранети сите нечистотии. Одговорно тврдиме дека геловите одлично ја чистат кожата. Иако се поскапи од сапуните, сепак ќе ве поштедат од честото купување млеко за тело. Има и такви кои се густи, на база на млеко, и по кои немате потреба од мачкање на кожата со лосиони.
Покрај тоа што полесно се пенат и се поедноставни за употреба, геловите пред сé се создадени за да се спречи пренесувањето на кожните болести и зарази. Преку сапунот пренесувањето е многу лесно. Доволно е да се измиете со истиот сапун по некој од фамилијата и да го пренесете на вас неговиот проблем со кожата. Додека гелот е еден вид шампон за кожата и нема никаков директен контакт со кожата, сé додека сами не го нанесете.
Ви препорачуваме неколку гела за туширање, кои можете да ги најдете во која било парфимерија или поголем маркет во градот. Изборот секако не завршува тука.
















































