koknasГламурозен кок за неколку минути
Надополнет со само еден елегантен детаљ ќе изгледа толку свечено, а сепак едноставно.
sred6637Совети за сувата кожа на рацете
За екстремно суви раце користете навлажнувачи со вазелин, хидрокотризон и млечна киселина.
blondinka_1 Станете блондинка без фризер
Внимавајте, бојата од каталог речиси никогаш не излегува исто на косата!
rusaСонце, коса, плажа...
Светлата коса е поподложна на оштетувања за разлика од црната.

Како да подготвите лосион за тело во домашни услови?

domasen_losion_2

Кога станува збор за лосионите за тело, нормално дека во секое време можете да купите готов производ, затоа не мора да се мачите сами да подготвувате. Но, сé уште постојат жени кои се скептични во делотворноста на лосионите без разлика што зад нив стои голема фирма. Едноставно има и такви кои се потпираат на природата и кои практикуваат да користат 100 % природни производи. Бидејќи внимаваме да обрнеме внимание на сите типови жени, овој пат ви нудиме неколку домашни рецепти за лосион.

Изборот е ваш дали ќе користите готов производ или сами ќе го подготвите.  Едно е сигурно дека не правите голема грешка бидејќи и двете решенија носат резултати.

Зошто е добро сами да си направите лосион за тело?

Доброто кај домашно подготвените лосиони е тоа што ќе ви заштедат пари, но не и време. Состојките секако дека е поевтино сами да ги набавите. Можно е да наидете на тешкотии во наоѓањето на сите состојки, но затоа, пак, ќе имате увид во сé што ќе го поднесува вашата кожа.

Кои се позитивните страни на домашниот лосион за тело?

Дејството е исто како и на готовиот производ, значи ја негуваат и ја прават кожата мазна и блескава, таква каква што посакувате. Свесни сте дека не содржат никакви хемикалии, не се токсични и што е најважно еколошки се.

Како да подготвите лосион за тело?

Инструкции:

Лосион за сува кожа. Во една чаша маслиново масло додајте една четвртина чист алое џус. Обидете се да најдете алое вера во аптеките. Купете 5 до 10 капсули витамин Е. Отворете ја капсулата и сипете ја. Ако не можете да најдете капсули, купете апчиња и убаво истолчете ги. Изматете ја смесата со миксер за убаво да се соедини. Истурете ја во темно шише или пак чувајте го лосионот на темно и суво место. Користете го нормално како и секој лосион. Ако кожата е премногу сува и испукана, во лосионот додајте и една кафена лажица мед.

Лосион за нормална кожа. Комбинацијата од мед и млеко со векови наназад се покажала како делотворна. Оние што имаат нормална кожа, ако не сакаат да ризикуваат, најдобро е да користат лосион од мед и млеко. Рецептот е многу едноставен. Сé што ви треба е една четвртина чаша млеко и исто толку мед. Измешајте ги состојките и загрејте ја смесата на оган сé додека медот не се стопи и не се соедини со млекото. Откако ќе се олади, нанесете го на телото. Недостатокот на овој лосион е тоа што по дваесетина минути мора да го исплакнете телото со млака вода. Можете да направите и поголема доза  која ќе ја чувате во фрижидер.

Лосион за комбинирана кожа. Бидејќи овој тип кожа е најкомплициран за негување, секогаш одете на сигурна варијанта. Посигурно од лосионот од бадем речиси и да не постои. Рецептот е едноставен за правење, но може да наидете на проблем во прибирањето на состојките.

Еве што сé е потребно: 3 до 4 капки есенцијално масло од портокал, боракс ( состојка која ја има во сите козметички производи, може да се најде како пудра и воопшто не и штети на кожата бидејќи се смета за вид минерал) се додава многу малку само на врвот од супената лажица или попрецизно една осмина, 1 супена лажица пчелин восок, 1 супена лажица кокосово масло, 2 супени лажици мед, половина чаша бадемово масло, половина чаша вода.

Подготовка: водата и бораксот убаво мешајте ги додека да добиете раствор. Во друг стаклен сад измешајте ги бадемовото масло, пчелниот восок, кокосовото масло и медот. Ваквата смеса топете ја на пареа и повремено мешајте. Зовријте го растворот од боракс околу една минута. Откако ќе зоврие растворот, а восокот убаво ќе се стопи на пареата, двете смеси истурете ги во блендер. Тогаш можете да капнете и неколку капки од есенцијалното масло за мирис. Истурете ја смесата во шише, со самото ладење таа ќе почне да се стврднува.

Лосион за мрсна кожа. Лесен и едноставен за подготовка. Сé што ви треба е: една четвртина алкохолен оцет, една четвртина вода, 3 супени лажици пчелин восок, половина чаша маслиново масло. На пареа зовријте ги маслиновото масло и восокот. Варете на тивко сé додека восокот не се стопи. Тргнете од оган за смесата да се олади. Подоцна додајте го оцетот и водата и убаво мешајте. Оцетот е одличен бидејќи го одзема вишокот мрснотии од лицето притоа задржувајќи ја нејзината pH-вредност. Ставете ја смесата во чисто шише и чувајте ја во фрижидер. Може да ја употребувате од 2 до 4 недели.



 
Unique-avgust
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери

Error: Any articles to show

11-02-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)