maska_zlatna_za_liceЧувствителност на кожата
Како да знаете дека имате чувствителна кожа?
nadvor_slikaТоп 6 трендови за убавина
Како да изгледате поубаво со помош на триковите од познатите?
ja_vitka_kosataМитови за првутот
Каде најчесто грешите кога станува збор за првутот?
hair_wrapped_in_towelТајната на маската за коса
Ревитализирачките маски за коса ќе направат и вашата да изгледа како од рекламните спотови.

Лосионот за тело најголем пријател на кожата

nanesuva_mleko_za_telo

Покрај лицето, секоја жена треба да внимава и на другите не толку изложувани делови од телото. Нежната кожа на рацете, нозете, стомакот ќе ве направи привлечна за спротивниот пол. И не само тоа, вие ќе имате поголема самодоверба и ќе се чувствувате пријатно во сопствената кожа.

Трик за блескава кожа! Единствениот начин да ја направите кожата мазна е со употребата на лосионите за тело. Во комбинација со гел за туширање, повремен пилинг и редовна хидратација, вашата кожа ќе блеска за кусо време.

Трик за делотворен лосион! Но ваша обврска не е само да отидете и да купите каков било лосион за тело. Со оглед на тоа што постои навистина голем избор, искористете го и купете го лосион што ќе одговара на вашиот тип кожа со мирис кој ќе ги отпушти вашите сетила.

Сува кожа... Изборот треба да падне врз основа на тоа дали вашата кожа е мрсна, сува, нормална или комбинирана. За сувата кожа витаминот Ц прави чуда. Густите лосиони на база на млеко или масло се одлични за надополнување на хидратацијата.

Нормална кожа... Луѓето што имаат нормална кожа најчесто го игнорираат основното правило за избор и ставаат на кожата буквално сé. Со текот на времето, нивната кожа почнува да трпи промени. Или почнува да станува сува или премногу масна за на крајот да излезат и акните.

Мрсна кожа... Масната кожа најчесто е придружена со акни затоа е комплицирана за негување. Понекогаш и лосионите на чија амбалажа е означена дека се за масна кожа, не се покажале како ефикасни. Иако успеале да ја регулираат мрснотијата, сепак не влијаеле или го продлабочиле проблемот со акните.

Ваквата причина дерматолозите ја поврзуваат со состојките што ги има во млекото за тело. Некои едноставно не ѝ годат на кожата, за жал, тука се вклучени и сите оние миризливи ноти од кои сме зависни. Затоа се вели дека најдобар лек се лосионите изработени на природна база, без адитиви, непарфимирани.

Најчесто употребуван лосион! За најдобри лосиони се сметаат тие што содржат бадем. Бадемот е плод што одговара речиси на сите типови кожа. Најчесто се комбинира со витамин Е. Можете да најдете млеко конкретно од бадем, но доволно е да е присутен покрај останатите состојки.



 
Unique-avgust
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери

Error: Any articles to show

11-02-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)