skin_care_in_winter_3Рутинска нега на кожата
Убавата и чиста кожа е резултат на дневното потрошено време за нејзина нега.
bujnotija_od_kosaНе и штетете на косата!
На кои начин можеме да и помогнеме на нашата коса?
par_vo_kadaСо купка до блескава кожа и подобро расположение
Водата ќе ви ја исчисти кожата, душата и негативните мисли.
woman_in_sweatНега за косата на спортистките
6 заштитни мерки кои треба да ги практикувате за време на тренингот!

Како да го спречите лупењето на кожата?

dete_so_izgoreno_lice

Не треба многу за кожата на лицето да почне да пука и да се лупи. Затоа мора да внимавате и да ја одржувате нејзината влажност. Во деновите кога има многу сонце и во деновите кога има сув студ кожата е најмногу изложена на ризик.

Од тие причини во таквите периоди се бара особена внимателност и нега. Изгорената кожа од сонцето или исушената кожа од студот се манифестира со пукање и првутење.

На крајот од денот на лицето се собира слој од мртви клетки кој најдобро се отстранува со пилинг. Но, постојаното лупење на кожата е нешто што не смеете да го дозволите. Како да знаете дека вашата кожа постојано се лупи?

Измијте го лицето и не ставајте никаков крем. Тријте ги образите со раката или пешкирот. Доколку на површина се појават оние бели трошки од кожата, тогаш имате проблем. Постојат неколку мерки кои можете да ги преземете за на време да го спречите лупењето на кожата.

Стојте подалеку од сонцето! Додека кожата повторно да се регенерира не изложувајте го лицето на сонце. Ако доправа треба да одите некаде на одмор,  додека се сончате покријте го лицето со пешкирот. При секое излегување надвор мачкајте го лицето со крем со висок СПФ заштитен фактор.

Направете си домашен лек. Потребен ви е сок од ментол. Ставете неколку ментол ливчиња да се варат и исцедете го сокот од нив. Сокот нанесете го на лицето и исплакнете. Ментолот ќе ви обезбеди мека кожа и ќе го запре лупењето.

Задолжително купете алое вера. Алое верата одамна се употребува за ревитализација на уништената и изгорена кожа. Купете гел и редовно нанесувајте од него на сувите делови. За лицето дополнително да се освежи, пред да го нанесете гелот изладете го во фрижидер.

Обезбедете максимална хидратација. Со оглед на тоа што губите голем дел од кожата, а со тоа и нејзиниот природен сјај и еластичност, потребни ви се големи количества крем. Користете крем за сува кожа за да ја надоместите потребата од влага и мрснотија.

За побрзо регенерирање на испуканите делови употребувајте крем на база на хормони или попрецизно крем кој содржи хидрокордизон. Секојдневно нанесувајте тенок слој на критичните делови.

Ставајте ладни облоги. Во случај кожата да ви изгоре од сонцето тоа што веднаш можете да го направите е да ставите лед на зафатените делови.  Во шамиче ставете неколку коцки лед и држете ги на изгорените делови. Ледот ќе ја одземе топлината од лицето и може да спречи лупење.



 
Unique-avgust
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери

Error: Any articles to show

11-02-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)