
Секојдневните навики може да го продолжат животот на вашата кожа. Сигурно нема да се разбудите со кожа како на бебе, но ќе добивате комплименти и по 40-тата.
ДА за спортувањето. Луѓето што се фит изгледаат и се чувствуваат добро. Вежбањето е процес преку кој лицето се храни со кислород и хранливи материи доволни за свеж изглед. Се верува дека спортот го забавува процесот на стареење. Едно е сигурно, вежбите ја одржуваат циркулацијата и обезбедуваат квалитетен сон, тоа она му е потребно на секое лице.
ДА за козметичките производи. Многу жени, особено постарите, не веруваат во моќта на производите. Нивното мото е вода и сапун. Тоа можеби и било ефикасно во минатото, но денес кожата не е во состојба да се соочи со надворешните загадувачи. Затоа, секојдневното чистење и хидратација се неопходни за кожата.
ДА за пиењето вода. Водата е есенцијална за хидратацијата и за мекоста на кожата. Резултатот од недостиг на хидратација се брчките и темните кругови околу очите. Потрудете се да пиете барем 6 чаши дневно.
ДА за сон. Дозата за спиење е 8 часа, но повеќето од вас спијат едвај 5 до 6 часа. Недостигот од сон не значи само умор. Со текот на времето покрај црните кругови околу очите, кожата ќе стане сува и поотпуштена.
ДА за здрава храна. Ова и не е нешто ново, со оглед на тоа дека многу пати сме го посочиле. Правилото за зеленчук и овошје, а избегнување на мрсната храна го знаете од мали нозе. Не е доцна и сега да почнете да го почитувате. Дозволено е да земате и мултивитамини.
НЕ за пушењето. Пушачите имаат карактеристичен блед тен со попуштена и предвреме остарена кожа. Причината за тоа е што цигарите ја спречуваат циркулацијата на крвта до лицето и создаваат токсични бариери. Кожата го губи природниот еластин и сјај.
НЕ за алкохолот. Алкохолот покрај тоа што може да предизвика дехидрација, влијае и на циркулацијата. Најстрашното е тоа што ги исцрпува витамините и минералите од организмот кои се неопходни за здрава кожа.
НЕ за стресот. Проблемите и стресот најмногу се покажуваат на лицето. По неколку години ќе добиете овенато лице кое тешко ќе можете да го вратите во нормала. Понекогаш, колку и да сакате е невозможно да избегате од нервозата, но правете го тоа кога навистина условите дозволуваат да здивнете.
НЕ за сончањето. Нема девојка која не сака темен тен, по можност во текот на целата година. Но, не заборавајте на штетните сончеви зраци и зрачењето во солариум. Ниту највисокиот заштитен фактор нема да може да постигне ако редовно ја изложувате кожата.


















































