
Луѓето отсекогаш го користеле накитот, фризурата, шминката, облеката како начин на изразување. Денес на списокот може да се додадат уште две работи, а тоа се тетоважите и пирсингот.
Да се изрази некаков став, да се биде во тренд со останатите, од чиста естетика, сеедно, и момците и девојките практикуваат да се тетовираат особено во летниот период кога тетоважата е достапна и за туѓите очи.
Но, што е со ризикот што го носи оваа мода? Тетоважата, мислиме на трајната, не може да се нацрта без игла. Што значи, неизбежно е повредувањето на епидермот, првиот слој од кожата, кој претставува најголемата заштитна бариера од бактерии.
Еве ја листата со ризици:
Бактериска инфекција, хепатит Б, хепатит Ц, тетанус, туберкулоза, ХИВ - настануваат како резултат на користење нечисти игли или отровно масло.
Причини што предизвикуваат ризици:
Кога одите на заболекар, тој ги стерилизира апаратите и употребува ракавици. Истиот третман треба да го добиете и во салонот за тетовирање. За жал, тоа не е гаранција дека нема да закачите некоја бактерија.
Никој не ви гарантира дека маслото за тетовирање не содржи отровни хемикалии. Европската комисија излезе со ставот дека маслата не се безбедни со оглед на тоа што се наменети за други намени, како за бои за автомобили или за пишување.
Голем дел од компликациите со новата тетоважа, настануваат и поради несоодветното лекување. Освен што ќе побарате гаранција за професионалноста, должни сте и да ги следите упатствата што ќе ги добиете од тату-мајсторот.


















































