
Внатрешните влакна се навистина непријатни и лошо изгледаат. Тие се резултат на инфекцијата што настанала во текот на депилирањето. Инфекцијата често е проследена и со црвенило и гноење на внатрешното влакно.
Бричењето се смета за најголем предизвикувач на внатрешните влакна, особено ако се бричите со стар жилет. Но, има девојки што со години се депилираат со топол восок, па не се поштедени од внатрешните влакна.
Не смеете да дозволите влакното да остане во кожата. Најлесно ќе ги отстраните со пинцета. Претходно направете пилинг на местото за да падне мртвиот слој клетки, намачкајте поголем слој крем и нежно откорнете го влакненцето.
Но, наместо постојано да се борите со нив, може да се обидете да го спречите нивното појавување. Постојат неколку домашни лека што дејствуваат на база на измазнување на кожата, на тој начин влакненцата имаат простор правилно да пораснат.
1.чекор - Направете смеса од чиста сол и маслиново масло. Пред бричење или депилирање, тријте ја смесата на критичните делови.
2. чекор - Оставете да стои 2-3 минути, а пото исплакнете ја кожата со чиста вода. Користете нов жилет, а претходно попарете го со жешка вода за да го дезинфицирате. Доколку се депилирате со машинка, на памукче ставете малку алкохол и исчистете ја главата. Восокот стоплете го додека да добие течна состојба и процедете го преку газа.
3. чекор - Истолчете три апчиња аспирин и растворете ги во чист алкохол. Смесата нанесете ја на нозете и чувајте ја додека да се исуши.
Пред секое депилирање повторувајте ја постапката. Нанесувајте ја солта пред, а алкохолот и аспиринот по депилацијата. Бидете трпеливи и практикувајте го ваквиот третман барем два месеца.
(2)
КОМЕНТАР
Слични текстови
- 12/10/2009 - Ризиците од тетовирањето
- 05/10/2009 - Основни чекори за нега на кожата во есен
- 28/09/2009 - Факти за штетноста на солариумот
- 21/09/2009 - Водич за блескава кожа
- 15/09/2009 - Нега на нормална кожа
- 14/09/2009 - Зошто гелот за туширање е подобар од сапунот?
- 08/09/2009 - Како да го спречите лупењето на кожата?
- 04/09/2009 - Како да подготвите лосион за тело во домашни услови?
- 28/08/2009 - Лосионот за тело најголем пријател на кожата
- 17/08/2009 - Природни решенија за дамките на лицето


























