
Колку ние посетуваме дерматолог или ако повеќе сакате козметичар за кожа? Ниту една жена од моето опкружување не посетува. А од вашето?
Некако се наметнува заклучок дека дерматолозите немаат многу работа. Треба да ни се појави краста на лицето за да решиме да ги посетиме. Еве зошто не треба да чекате да се појави крастата!
Лицето е тоа што го забележуваме на прв поглед. Затоа негата мора да му ја препуштите на професионалец. Добриот дерматолог не подразбира само лице со диплома или, пак, лаик кој решил да отвори козметички салон. Замислете си тој да експериментира со вашата кожа?!
Сигурно и вие имате приказна за пријателка што само ја влоши ситуацијата со кожата по посетата на козметички салон. На пример, мојата пријателка има фобија од нив. Од неколку ситни акни и митесери на брадата и носот, доби куп, дури и по површината на образите.
Гледајте да посетите докажано име, патем еве уште неколку факти за да кажете ДА за посетата на дерматолог.
Секој треба да посети дерматолог. Дерматолозите не се наменети само за тинејџерите. Дојде такво време кога и жените во зрели години се мачат со загноени акни. Уште на прв поглед, дерматологот знае да ви каже дали се работи за наследен проблем, оштетување од сонце или хормонско нарушување. Еднаш во годината е доволно за рутинска проверка.
Дерматолозите не лекуваат само акни. Не мора да имате акни за да посетите дерматолог. Дерматологот е најдобрата превенција за рак на кожа. Дамки од сонцето, инфекции, иритации и црвенило, израстоци сето тоа е вклучено во доменот на овие лекари. Вклучувајќи го и одредувањето на типот на кожа и нејзината соодветна нега.
Дерматологот може да ги спречи идните компликации со кожата. Прегледот не се сведува само на поставување дијагноза за конкретната болест, туку и предвидување на идните компликации. Преку сознанието за вашата здравствена историја и онаа на семејството, тој може да ви каже дали во зрелите годни ќе имате проблем со кожата.






































