
Стареењето е нешто од што не можеме да избегаме. За наша среќа, палетата производи со кои можеме да се спротивставиме на природниот процес е огромна. Но, претходно мора да разберете неколку работи.
Секоја од вас има разни генетски предиспозиции, сопствен тип кожа и животен стил. Ова го кажуваме бидејќи не пости правило според кое ќе можете да утврдите кога ќе се појават првите брчки на вашето лице.
Дерматолозите се водат според старата изрека, подобро е да се спречи отколку да се лекува. Што значи дека додека сте млади, треба да мислите за изгледот во зрелите години. Не е паметно да чекате брчките да се појават, па дури тогаш да купите некој крем.
Гледано хронолошки, според годините, вака треба да изгледа вашата нега:
Рани 20-ти.
Во овие години вашата кожа сé уште е млада и освен акните и митесерите, не се забележуваат брчки. За да ги намалите проблемите што може да се појават во иднина, мора да се чувате од сонцето.
Што да користите?
Гел за миење на лицето и тоник за намалување на црнките. Кремовите задолжително нека содржат минимум 15 СП-заштитен фактор.
Доцни 20-ти.
Дерматолозите доцните 20-ти ги посочуваат како најдобро време да се влијае превентивно. Станува збор за годините кога се појавуваат првите знаци на стареење. На лицето се видливи тенки брчки, пори и нерамномерен тен.
Што да користите?
Ревитализирачки гел за чистење на лицето, оние со микрогранули се одлични. Нечистотијата е непријател број еден за порите на кожата. Почнете да користите дневен и ноќен крем со повисок фактор на пример, 25. Купете си и полесен крем за околу очи за да дејствувате на првите брчки и потеченоста.
30-тите.
Во 30-тите жените се соочуваат со умерени знаци на стареење. Брчките стануваат подлабоки, видливи се дисколорации по кожата и потеченост под очите. Лицето станува очајно за волшебна формула.
Што да користите?
Јасно е дека е време да го купите својот прв крем против стареење. Ваквите кремови покрај заштитниот СП-фактор, содржат и формули како коензимот Q 10 или ретинол кои ги мазнат брчките враќајќи ги младешките контури и еластичноста на кожата.
40-ти.
Во оваа доба јасно се гледаат напредните знаци на стареење. Брчките се побројни и подлабоки, а жените најмногу се жалат на огромните пори и темни дамки.
Што да користите?
Покрај кремовите со формула што го забавува стареењето, неопходни ви се специјализирани серуми што се користат за одделните проблеми. Како специјализираните серуми со кои се намалуваат пигментациите на кожата и крем за околу очи кој ги измазнува брчките и го враќа природниот колаген. И нормално, не смеете да заборавите да го негувате вратот, деколтето и дланките.






































