
Всушност станува збор за учење старо 5.000 години, кое го подобрува квалитетот на животот. Најефикасно се покажало во подобрување на менталното здравје, а успешно ги решава и проблемите со исхраната.
Ние со помош на ајурведата ќе пробаме да го решиме проблемот со кожата. Оние кои секојдневно се борат со акните, најдобро ќе ви потврдат колку е депресивно постојано да ставате пудра на лицето бидејќи се срамите да излезете во јавност.
Но ајде да се вратиме на учењето. Според него, секоја кожа си има сопствена доша. Постојат три типа на доши: вата, пита и кафа. Сами да ја откриете сопствената доша е тешко, што значи морате да се обратите кај специјалист кој се занимава со ова алтернативно лекување.
Проблемот е тоа што никој нема само еден тип на доша, башка дошата под влијание на надворешните услови трпи промени. Климатските фактори, промена на местото на живеење, негата која ја практикувате, а најмногу исхраната влијае на состојбата на вашата кожа.
Карактеристики на дошите:
Пита, воспалена кожа со акни.
Девојките со овој тип на кожа имаат проблеми со иритации, црвенило и испукани капилари. Избегнувајте ја зачинетата храна, бидејќи таа само го продлабочува вашиот проблем. Вашето најдобро оружје е овошјето и зеленчукот како најдобри антиоксиданси.
Кафа, мрсна кожа.
Мрсната кожа е склона и кон создавање акни, а таквата комбинација е убиствена. Најважно е секогаш да ја отстранувате мрснотијата за кожата да биде чиста и да не оставите простор да загнојат митесерите. Што се однесува до исхраната, таа мора да биде лесна. Избегнувајте мрсна храна, како путер, тешко сирење и пржени производи.
Вата, сува кожа.
Сувоста на вата кожата е склона кон пукање, а со тоа и кон создавање брчки. Хидратацијата е неопходна. Пијте многу вода, користете крем за лице и практикувајте фацијални масажи. На тој начин ќе ја забрзате циркулацијата, а кожата ќе го врати природниот сјај.
Доколку ве заинтригиравме доволно, има начин како повеќе да се образувате. Во јога центарот во Тафталиџе организираат семинари за ајурведска исхрана, а наидовме и на готови додатоци за во исхраната, погледнете сами на www.ajurveda. com.mk






































