
Станувате наутро и забележувате на лицето акна и тоа со гној одозгора. Нема шанси да излезете, со пудра не се покрива...ви останува само да ја стиснете или да ја откорнете со ноктите. СТОП! Веднаш запрете тука!
Еве зошто се продлабочува вашиот проблем со акните. Ако претходно ви се појавуваа една до две, сега имате по целата Т-зона. Да не ги споменуваме темните дамки...тие се доказ дека агресивно се однесувате со кожата на лицето.
ЗОШТО ДА ГО ИЗБЕГНУВАТЕ СТИСКАЊЕТО НА АКНИТЕ?
ПРВА ПРИЧИНА: Акната не е зрела, на врвот се гледа само малку гној. Со прстите правите притисок врз неа и така го туркате гнојот уште подлабоко. На површината ќе истече само мало количество и вие мислите дека сте го решиле проблемот. Што се случува понатаму? Под дејство на надворешната траума, инфекцијата се засилува, акната станува видливо поголема и расте. Времето за нејзиното исчезнување двојно се зголемува.
ПРВО ПРАВИЛО: Акните се стискаат само кога се зрели.
ПРВА ПРИЧИНА: Гледате дека стискањето не помага, затоа преминувате на корнење на акната со нокти. Ќе потече крв, ќе ја смирите, местото ќе фати кафена коричка, за некое време и таа ќе падне и...под неа ќе остане темна дамка за која речиси и нема спас. Најчудно е тоа што кога местото ќе го допрете со прсти, под кожата се чувствува тврда акна како дијабола. Од каде па сега ова? Вие го скративте времето потребно за акната да созрее и гнојот да избие на површината на кожата. Сега е потребен мошне долг период за истиот процес да се повтори одново.
ВТОРО ПРАВИЛО: Дамките настануваат со корнење на акните. Ноктите се најголем извор на бактерии и влијаат негативно на инфекцијата.
КАКО ДА ГИ СТИСКАТЕ АКНИТЕ?
Да претпоставиме дека акната е доволно зрела за стискање. И тука е потребен посебен пристап за да го изведете тоа што е можно побезболно и без последици.
Ограничете ја силата: Можеби сте нервозни, но не истурајте се на кожата. Таа памети и ќе ви врати. Стискајте полека и распоредете ја силата од сите агли. Не стискајте ја акната само одозгора, стискајте од сите страни. Само така ќе го избегнете црвенилото и отекувањето на местото.
Стерилизација: Што и да правите на лицето, вклучувајќи го и шминкањето, правете го со чисти раце. Особено измијте го делот под ноктите. За да не притискате на акната директно со прсти, замотајте ги со стерилна вага или со памук. Така ќе спречите ширење на инфекцијата. Можете да купите и стерилна игла или таа што ја имате дома изгорете ја неколку секунди со запалка. Нежно фатете ја белата глава на акната и повлечете ја. Со мал притисок ќе истече сиот гној.
ТРЕТМАН ПО СТИСКАЊЕ!
Откако ќе ја стиснете акната мора да се погрижите да ја исчистите целата околна површина. Со памукче соберете го гнојот и лимфата и поминете ја со лосионот за акни. Дерматолозите препорачуваат местото да го поминете со хидроген пероксид или со лосион што содржи барем 25 % бензоил пероксид.
И сами знаете дека ова не е трајно решение за акните. За жал, и следниот месец очекувајте ја новата тура акни.


















































