tus_na_ociteТуш за очи
Како правилно да го користите!
sexy_neckБидете секси и зиме и лете
Масажите со млеко за тело и оние под туш се одличен зимски трик за топ-тело во лето!
principite4 принципи за здрава кожа
Принципот да се има убава, здрава и негувана кожа важи за секоја жена.
nevestaaaaЗаблескајте на денот на вашата свадба
Со помош на формата на вашето тело дојдете до вистинскиот невестински фустан.

Термална вода

termalna_voda_2

Без разлика дали сте се напиле чаша термална вода или сте се капеле во неа, во некоја бања, чувството е неповторливо. Но од каде сега излезе нејзината честа употреба? Крема против стареење, шампон, купка...во секој состав ќе наидете на термална вода. Едно е сигурно, оваа вода изобилува со минерали што се одлични за кожата на лицето.

ВОДАТА ЕСЕНЦИЈАЛНА ЗА КОЖАТА!

Организмот не може да живее без вода, но зошто кожата има толку голема потреба од неа? Во нормални услови кожата содржи 30% вода. Токму поради тоа таа изгледа здраво и сјајно. Но ладното време, јакото сонце и премногу сувиот воздух може да го намалат процентот на 10. Тоа е критична точка, а знаците се видливи: сува кожа и видливи брчки.

ШТО ЈА ПРАВИ ТЕРМАЛНАТА ВОДА ПОСЕБНА!

МИТ: скоро сите креми содржат вода, што значи се доволни за да обезбедат хидратација.

ФАКТ: доколку не постојат супстанци што ќе ја врзат, таа вода веднаш ќе испари од кожата.

За разлика од обичната вода, термалната вода содржи многу минерални состојки и биоелементи што ја врзуваат водата. Термалната вода всушност е подземна вода што со години се таложела во земјата. На тој пат таа собрала голем број минерали и се загреала под дејство на магмата. Но само онаа вода што е потопла од 20 степени и содржи висок процент на минерални соли, може да се нарече термална.

КАКО ТЕРМАЛНАТА ВОДА ДЕЛУВА НА КОЖАТА!

Сува, проблематична, осетлива...без оглед на типот на кожата, термалната вода прави чуда за сите подеднакво. Таа е уникатен коктел од минерали и биоелементни. Да бидеме поконкретни:

  1. Салицилна киселина, ја затегнува кожата и ги разградува отровните материи спречувајќи воспаленија и акни.
  2. Цинк, спречува ослободување на хистаминот што е одговорен за црвенило и алергии на кожата.
  3. Калиум, го обновува колагенот и еластинот на кожата.
  4. Магнезиум, ги лекува оштетувањата на кожата.
  5. Натриум, ги врзува молекулите на водата.

Сега си велите па овие минерали и онака можам да ги земам преку исхраната. Но и тоа не е доволно. Многу од минералите делуваат во пар. На пример, натриумот ја врзува водата, а калиумот го забрзува транспортот на хранливите состојки.



 
Unique-avgust
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Брзањето нема да ве одведе никаде денес, ако сте среќни! Ако не сте може да завршите многу поназад отколку вчера, а тоа не можете да си го доволите.

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Вашиот живот цвета како рана пролет и ќе се пронајдете себе си разговарајќи со странец во некоја интересна насока. Проверете дали луѓето се подготвени да стојат до вас!

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Имате навистина тешка листа со задачи која ви стои пред лице. Добрата вест е што ја имате потребната ментална енергија за го средите тоа. Пронајдете нов начин да ги следите работите.

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес силно посветете се на малите детали. Нешто не е сосема во ред, но ако вистински обрнете внимание ќе сфатите што се случува.

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Добро време е да се посветите на себе и да ја смирите социјалната енергија. Размислете одново за вашите планови и за минатото. Затворете ја вратата и најдете некое тивко место.

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес ќе достигнете сериозно кул достигнување, можеби нема ни да сфатите дека целите натаму. Истапете и направете вистинска разлика во вашиот живот.

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Ваш пријател се обидува да ве натера да ги гледате работите малку поинаку, a вашиот ум е доволно отворен да ја прифати неговата понуда. Тоа не значи дека треба целосно да се премислите!

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Обидете се поново да ја воспоставите изгубената врска, без разлика дали е професионална, пријателска или љубовна. Верувајте повторно ќе ви бидат потребни луѓето на кои некогаш целосно се потпиравте.

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Побарајте било што денес, на крај ќе излезе по ваше. Некое време ќе мора да чекорите без тоа што го сакате, но на крајот ќе го извлечете максимумот од ситуацијата.

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Дистанцата не е пречка за вашиот комуникациски стил денес, можете практично да читате умови и покрај километрите раздалеченост. Истражете ги опциите и посегнете по оние кои треба да ви ја чујат пораката.

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Не сте сосема сигурни што се случува со вашите луѓе, сите како да глумат и да ве лажат во очи. Добрата вест е што фазава нема да трае долго и работите ќе се вратат во нормала.

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашата најблиска врска ви го прави животот забавен денес и тоа значи дека дефинитивно сте на вистинското место да побарате услуги или помош. Време е за социјализирање!

10-02-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)