
Скоро и да не постои жена која, кога ќе се погледне на фотографија не извикува "Леле колкави ми се подочниците!" Денот скоро секогаш го започнувате со потечени капаци, модри подочници и уморно лице.
Зошто се појавуваат подочниците?
Подочниците настануваат како резултат на недостиг на вода во ткивото околку очите. Местото потемнува и како последица од замор, стрес, намален имунолошки систем и недостаток на витамин Ц. При што добивате уморен и стар изглед.
Со редовна нега може многу да се намалат темните кругови, и веднаш да се добие свеж изглед. Најчесто употребувани методи се, држењето тркалца од краставица на подочниците или пак кесички со чај од нане. Ваквите облоги треба исклучиво да бидат ладни, како би ги стеснале крвните садови и со тоа би ја намалиле отеченоста.
Потечените очни капаци може да се намалат доколку ги масирате со мали лажички кои претходно сте ги оставиле неколку минути во замрзнувач. Масирајте нежно се додека лажичките не постигнат собна температура.
Внесувајте многу портокали, лимуни, зелени пиперки. Тие се богати со витамин Ц кој го потикнува крвотокот и ги зајакнува ѕидовите на крвните садови.
.gif)






















.gif)























