
Да ја негувате кожата со масла е многу едноставно. Tреба само да се намачкате и маслото ќе си ја заврши работата. Притоа мора да внимавате, убава кожа оди со квалитетно масло. Во продавниците ќе најдете многу, но ако се скапи или се во интересни пакувања не значи дека се добри. Некои се само со убав мирис, а воопшто не даваат ефекти.
Секое масло си има конкретна функција и наменето е за различен тип на кожа:
- Евкалиптус, рузмарин- за подобрување на концентрацијата.
- Лаванда- за смирување и подобрување на здравјето на кожата.
- Чемперс, бор, кедар- за самодоверба.
- Портокал, мандарина, грејпфрут- за расположение.
- Јасмин- стимулативно, антидепресивно, антисептично дејство, природен афродизијак.
- Ружа- за хидратација и затегнување на кожата и вратот.
- Масло од сандалово дрво- за многу сува кожа.
Позитивни аспекти од користењето на есенцијалните масла:
Есенцијалните масла во никој случај не може да ја оштетат кожата или да предизвикаат алергии. Тие дури помагаат во нивното лекување.
Козметиката што секој ден ја ставате на своето лице, во текот на денот се впива под кожата. Со маслата ќе внесете хранливи материи за разлика од хемикалиите во кремовите и пудрите.
Природната козметика е многу поевтина, за разлика од готовата.
И сами можете да си направите комбинација од масла што ви одговара кожата.
Користење природна козметика помага во заштитата на животната средина.
Дополнителен совет:
Маслата не се нанесуваат на очите, може да бидат штетни за нив. Иако нема конкретна причина, сепак се препорачува да се избегнуваат за време на бременоста.


















































