
Кремите што ги користите задолжително треба да содржат SPF-фактор!
Годините не треба да бидат предуслов за негата што и ја пружате на кожата. Ако сте наполниле 40 години не значи дека треба да престанете да живеете, а уште помалку да се разубавувате.
Годините единствено треба да бидат показател на производите што треба да ги користите. Денес, дерматолозите имаат специјална програма за тоа како треба да се негува кожата во добата на 20-тите, 30-тите, 40-тите... Токму за ова ќе можете да прочитате во 3-от број на Unique, побарајте го на сите трафики!
ПРАВИЛА ЗА ВО 20-ТИТЕ:
Мијте го лицето со гел само навечер. Ако вашата кожа е мрсна користете обичен гел. Исчистете го лицето со лосион, после темелното миење, за да ги остраните маснотиите и нечистотиите што останале на кожата. За преку ден, користете крема со SPF фактор 15 или 20, со неа негувајте го и вратот и деколтето. За навечер, користете хидратантна крема богата со ретинол (чиста форма на витаминот А).
Unique предлог: за чистење на лицето и за лесно отстранување на шминката, користете ја пената на L'Occitane со 6% shea butter.
ПРАВИЛА ЗА ВО 30-ТИТЕ:
Наутро правете ексфолијација, додека навечер мијте го лицето со кремаст гел. Кремата освен заштитен SPF фактор, треба да содржи антиоксиданси како зелен или бел чај, калинка и витамин Ц. Навечер нанесувајте крем богат со ретинол, особено околу очите.
Unique предлог: за вистинска ревитализација на младоста, одлично ќе ви дојде регенеративниот ноќем крем на Avon - Anew Reversalist.
ПРАВИЛА ЗА ВО 40-ТИТЕ:
И наутро и навечер мијте го лицето со кремаст и нежен гел. Кремите треба да бидат со појаки антиоксиданси, затоа побарајте комбинација од два типа на пример, зелен чај и соја.
Unique предлог: брчките околу очите решете ги со помош на ревитализачкиот крем за очи на Dr. Hauschka.
Слични текстови
- 02/02/2010 - Свежо лице и по 30-тата
- 23/12/2009 - Термална вода
- 10/12/2009 - Стискање акни, ДА или НЕ?
- 03/12/2009 - Нега на кожа – совети за трудници
- 20/11/2009 - Ајурведа, алтернативно решение за вашата кожа
- 07/11/2009 - Рутинска нега на кожата
- 02/11/2009 - Мојот прв крем против стареење...
- 26/10/2009 - Зошто треба да посетувате дерматолог?
- 19/10/2009 - Имате проблем со внатрешните влакна?
- 12/10/2009 - Ризиците од тетовирањето

























