zenabanjanadvorРелаксирајте се со домашна купка
Со помош на етеричните масла дојдете до нирвана.
akniСоодветна нега за мрсна кожа
Хормоните одговорни за мрсната кожа.
sjae12 проблема и 5 вистини за негата на косата
Ладната вода ја прави посјајна вашата коса и помага балсамот да делува подобро.
michael_korsМодни трендови за есен-зима 2009
Ако за моделите постојат модни писти, за вас постојат улиците кои мора да ги освоите оваа есен.

Како стресот и штети на кожата?

green_facial

Спортувањето ги задоволува потребите на кожата од ендорфин.

Стресот не носи ништо добро, а жените најмногу го мразат поради фактот што предвреме ги остарува. Но, од причина што е неизбежен дел од животот, ви преостанува да изнајдете начин со кој ќе го ублажите неговото негативно влијание.

Ако зборуваме за сјајна и млада кожа, тогаш удрете на него со спортување. Зошто? Кожата има потреба од ендорфин, 3-4 вежби се доволни за да ја задоволите дневната потреба. Ваквиот спортски режим за кожа во комбинација со здрава исхрана и квалитетен сон, несомнено ќе резултира со блескаво лице. Во случај штетата да е сторена, тогаш ви остануваат следните алтернативи.

ШТЕТА: сува кожа како резултат на хроничен стрес. Секојдневните дози на стрес го покачуваат нивото на хормонот кортизол.  Кортизолот ја намалува способноста на кожата да ја задржува водата. Без влага нема сјај и еластичност.

АЛТЕРНАТИВА: избегнувајте парфимирана козметика за лице. Ниската pH вредност е доволна за да се спречи сушењето на кожата. Мијте го лицето со млака вода, премногу топлата ја отстранува сета мрснотија.

ШТЕТА: појава на брчки. Кортизолот влијае на зголемување на шеќерот во крвта, а со тоа се оштетуваат колагенот и еластинот на кожата. Вашето намуртено и незадоволно лице, ги напнува фацијалните мускули, а тоа води кон создавање брчки.

АЛТЕРНАТИВА: кремата што изобилува со антиоксиданси и ретинол го поттикнува создавањето на колагенот. Обидете се да се насмеете, ако ништо друго држете го лицето безизразно.

ШТЕТА: црвенило. Стресот го качува крвниот притисок, протокот на крв се зголемува, а тоа води кон ширење на капиларите. Нервозата носи моментално црвенило, но ако имунолошкиот систем е слаб, таквиот проблем може и да потрае.

АЛТЕРНАТИВА: консултирајте се со дерматолог, тој ќе ви препорача одлична крема за смирување на црвенилото што истовремено ќе одговара на вашиот тип на кожа.

ШТЕТА: акни. Повеќе од јасно е дека стресот ги поттикнува воспалителните процеси, а резултатот се одвратните акни, најчесто на Т-зоната.

АЛТЕРНАТИВА: користете лосион што содржи хлорамфеникол, салицилна киселина или бензиол пероксид. Ако производот нема ефект, обратете се кај вашиот кожен лекар.

Повеќе за:


 
Unique-avgust
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери

Error: Any articles to show

11-02-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)