
Дали ви се јавува црвенило на лицето кога ќе се изнервирате?
Не залудно е кажано дека нашата кожа е огледало на активностите на организмот. Но, и покрај редовното чистење со многубројни лосиони и хранливи креми, и покрај балансираната исхрана, директно влијание врз изгледот на нашата кожа имаат и психичките фактори.
Понекогаш естетскиот недостаток или пак несовршеноста на кожата може да предизвика некоја личност да се чувствува несигурна и да се опседне со својот изглед без никакви посебни причини. Па дури и пегите, младежите, стриите, белезите и акните можат да ја предизвикаат несигурноста.
Кога одредени личности се несигурни за својот изглед, тоа преоѓа во комплекс па се до запаѓање во депресија. Овие појави се придружени со кожни заболувања. За да не дојде до такви болести, треба навреме да се реши емоционалниот проблем.
Најчести појави кога една личност е психички вознемирена или под стрес се:
- Грицкање на ноктите и кутикулите;
- Вртење и откинување на влакна кои наскоро стануваат оштетени;
- Нестручно третирање на акните (стискање), кое подоцна преминува во рана и до нови белези:
- Паѓање на косата;
- Појава на инфекции;
- Појава на црвенило поради непрекинато чешање на кожата;
- Чести појави на херпеси;
- Постојано потење на дланките и на нозете.
Козметичарите можат веднаш да ги препознаат ваквите заболувања, но и покрај одредени козметички третмани, тие не можат ништо посебно да направат за кожата, се додека не се дознае и реши емоционалниот проблем. Козметичките салони располагаат со најсоодветни третмани за секакви кожни заболувања, но при вакви заболувања, најсоодветни третмани се терапиите спроведени од козметичарот, дерматовенерологот и психотерапевтот.






































