
Кофеинот е еден од најдобрите разбивачи на целулитот.
Пред вас се одморите и моментите кога треба да го покажете телото. Најголемо внимание жените мупосветуваат на целулитот - проблем што никако да исчезне. Затоа прочитајте ги следните совети што може многу да ви помогнат во борбата против целулитот, а и самите може да ги направите во својот дом. Само запомнете најважно е овие совети да се применуваат секој ден!
Што би требало да содржи антицелулитната крема?
Природни концентрати: кофеин, цимет, морски алги, екстракти од билка, бршлен...
Етерични масла: најдобри резултати даваат кремите што содржат масло од боровинка, еукалиптус, грејпфрут, лаванда, коприва, рузмарин...
Колагенски и еластични влакна: потребни се за зајакнување на структурата на кожата
Како делуваат состојките?
Бршлен: квалитетен е за отстранување на вишокот вода и маснотии. Ја стимулира микроциркулацијата, ги разбива маснотиите и спречува таложење на нови.
Цимет: ги растопува маснотиите под кожата. Брзо и ефикасно го разбива целулитот.
Кофеин: ја подобрува циркулацијата и со тоа овозможува разбивање на целулитот.
Започнете со пилинг....
Пилингот ги отстранува мртвите клетки од кожата. Целулитот нема да придонесе лоши резултати на кожа која е негувана и цврста. За да има резултати пилингот треба да се прави 2-3 пати неделно.
Смеса:
1/4 чаша свежо мелено кафе
3/4 чаша кафеав шеќер
1 чаша бадемово масло
2 капки екстракт од ванила
Во сад измешајте ги кафето, кафеавиот шеќер и бадемовото масло. Кога смесата убаво ќе се соедини додајте го екстрактот од ванила и убаво промешајте. Смесата нанесете ја на местата што се зафатени со целулит и убаво истријте се. За побрзи ефекти можете да се намачкате со смесата, да се истриете и потоа да се завиткате во стреч фолија. Останете вака околу 30 минути.
Создадете навика секој ден пред туширање да се масирате. Доволно е ова да го правите само 10 минути за да добиете добри резултати. Секогаш масирајте се со кружни движења и во правец накај срцето за да ја забрзате циркулацијата.
Употребувајте ракавица што е од природни влакна. Масирањето на критичните делови треба да се прави нежно зошто целулитот се наоѓа на 3-5 мм под кожата. Затоа не се масирајте грубо!
...а потоа дозволете си топла купка
-солена купка: наполнете ја кадата и додајте 2 чаши морска сол. Солта ја извлекува водата од ткивото, ја затегнува кожата и го разградува масното поткожно ткиво. Внимавајте водата да не биде многу жешка - тоа само ќе ви ги прошири вените и ќе ја намали циркулацијата.
- купка со етерични масла: можете да купите купка која е на база на рузмарин, цимет, лимон....Кога правите купка со етерични масла внимавајте да не претерате со маслото зошто во спротивно можете да добиете црвенило и неподносливо чешање.
...и наизменично туширање, па потоа масажа
Наизменично туширајте се со ладна и топла вода. Така ќе ви се зајакне кожата. Погодно е да направите и масажа со антицелулитна крема, масло или серум откако ќе се истуширате. Тогаш порите се отворени и препаратите ќе можат да навлезат длабоко во кожата и да имаат поголем ефект .
Смеса од кафе.
Третираните подрачја можете да ги замотате во проѕирна фолија за да го зголемите делувањето на препаратот со топлина. Кофеинот е еден од најдобрите разбивачи на целулитот, па затоа еве еден пример како да направите смеса од кафе:
Згмечете зрна од кафе или употребете го талогот, помешајте го со маслиново масло и убаво намачкајте ги зафатените делови. Завиткајте се со фолија. По 30 минути отстранете ја фолијата и измијте се. Оваа постапка повторувајте ја неколку пати дневно.
Секојдневно консумирајте чај од билки плус додајте лажичка сомелен корен од ѓумбир (ги отстранува токсините од телото - многу е агресивен за целулитот).


















































