
Темните кругови под пазувите се јавуваат поради честото бричење на влакната, чиј корен се гледа под кожата.
Летото е годишно време, кое не тера да ги извадиме слоевите облека под која ни се крие кожата. Сега таа конечно може да ужива на сонцето, на топлиот воздух и да ни создава добро расположение. Се облекуваме во лесна и комотна облека со што и овозможуваме на кожата полесно да дише. Но, високите температури како и третманите за убавина можат да предизвикаат создавање на неправилности на кожата, па дури и појава на поткожни влакна, проширени пори, вени...
Летото секако може да предизвика проблеми со кожата, кои лесно можат да се излечат. Еве неколку предлози како да ги третирате овие мали проблеми.
МАСНА И СЈАЈНА КОЖА НА ЛИЦЕТО
Поради влажноста на воздухот и високите температури, кожата лачи повеќе маснотии. Честото миење на кожата, како и пилингот може да имаат само спротивно дејство, па затоа добро решение за ваков проблем може да биде маската на база на глина која го впива вишокот на маснотии од кожата. Но, не треба ни со оваа маска да претерувате. Еднаш неделно би била доволна.
ИСПУКАНИ РАЦЕ И НОЗЕ
За третирање на ваквиот проблем, пробајте со лосиони со гликозна или салицилна киселина. Првата го зголемува произведувањето на колаген, а другата помага при отстранување на грубата и непотребна кожа од рацете и нозете. Избегнувајте користење на остри четки и агресивни методи кои можат само да го зголемат проблемот.
ПОТКОЖНИ ВЛАКНА
Овој проблем не се појавува само додека трае летото, но тогаш најмногу се забележува. Најчесто се јавува како резултат на депилација со брич или пак со некој друг вид на депилација. Никако немојте да ги вадите поткожните влакна со пинцета или пак со игла. Така може само да си направите белег и уште повеќе да го комплицирате проблемот. За лечење на ваквиот проблем ви препорачуваме на местата каде што имате поткожни влакна, 10-тина минути да држите топол облог со чај од камилица, 3 пати дневно за да ја омекнете кожата и полесно да го извадите влакното.
ПОТЕМНЕТА КОЖА ПОД ПАЗУВИТЕ
Темните кругови под пазувите се јавуваат поради честото бричење на влакната, чиј корен се гледа под кожата, а на сето тоа дополнително влијаат и потењето, дезодорансите... иако е болно, депилацијата со восок би помогнала многу за намалување на овој проблем. Секако, не го правете тоа на своја рака, пред да почнете со било каков третман, консултирајте се со дерматолог.






































