maskaСовети за младешки изглед
Хидратантната крема најдобро е да ја нанесувате 15 минути по миењето на лицето. 
G_Global_Media_WORK_UNIQUE_01_Unique_FOTO_Unique_proizvodi_19Нешто модерно и задолжително...
Unique модни додатоци што ќе ве воодушеват.
cevli_milanoНајдобрите модели на чевли од Милано
Кои чевли беа прогласени за најсекси на модната недела во Милано?
top_hairДилеми поврзани со косата–2
Статијата е наменета за сите оние што сакаат да ја подобрат негата на својата ценета коса.

8 најчести грешки што се прават на плажа

devojka_na_plaza_se_macka_so_mleko_za_telo

За поголема заштита нанесувајте средство секои 90 минути.

Иако мислиме дека знаеме се за штетното дејство на сонцето и за заштита од него, сепак постојат ситници кои често ги забораваме и за кои едноставно не сме свесни, а се многу важни во заштитата од сончевите зраци.

МАЛКУ КРЕМА ЗА СОНЧАЊЕ

Не штедете на крема. Подобро да ставите повеќе и за неколку дена да купите ново шишенце, отколку подоцна да потрошите многу повеќе пари на третмани за подобрување на состојбата на кожата. Нанесете крема на сите делови кои се изложени на сонце барем 20 минути пред да се сончате. Иако сите препарати велат дека веднаш делуваат, сепак им треба време додека убаво се распределат во сите делови на кожата.

ШТЕТНИТЕ ЗРАЦИ ДЕЛУВААТ И ПРЕКУ ОБЛАЦИ

УВА зраците се подеднакво штетни како во најтоплите денови, така и во оние облачните во зима. Ставете средство за заштита дури и кога нема сонце, затоа што штетните сончеви зраци можат да делуваат и преку облаците.

ПОВТОРНО СТАВЕТЕ КРЕМА

Не е важно кој фактор има средството за сончање, затоа што времето на делување кај сите фактори е исто. Големиот фактор нема да ве штити од сонцето во текот на целиот ден затоа што преку потење, прашина и облека се вади нанесеното средство. За поголема заштита нанесувајте средство секои 90 минути.

МАЛ ЗАШТИТЕН ФАКТОР

Девојките со осетлива и светла кожа треба да користат поголем фактор од оние со природно темна кожа. Можеби кожата со понизок фактор побрзо ќе потемни, но нема да биде правилно заштитена и ќе биде изложена на малигни боења.

ЗАБОРАВЕНИ ДЕЛОВИ

Постојат делови од телото кои често при сончање забораваме да ги намачкаме со крема. Тоа се стапалата, коренот од косата и ушите. Без разлика што ушите се покриени со коса, тие сепак се изложени на сончевите зраци. Најчесто забораваме на стапалата затоа што постојано се во движење, но кожата е осетлива и тенка и има потреба од заштита.

МЕШАЊЕ НА ФАКТОРИ

Нанесувањето на фактор 15 преку фактор 30 нема да ја зголеми заштитата на кожата. Затоа најдобро е да користите повисока заштита и да бидете сигурни од штетните сончеви зраци.

ШМИНКА НА ПЛАЖА

Знаеме дека многу козметички производи содржат заштитен фактор, но дерматолозите тврдат дека најубаво е да се избегнува шминката на плажа. Сигурно не би сакале да имате дамки на местата каде било нанесено руменилото.

ЗАНЕМАРУВАЊЕ НА УСНИТЕ

Усните се постојано изложени на сонце и средството од нив лесно може да се извади. Додека јадеме, пиеме или зборуваме, балсамот полека избледнува и затоа мора постојано да го нанесуваме.



 
Unique-avgust
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери

Error: Any articles to show

11-02-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)