
Балсамот за усни, кармините со заштитни фактори се од голема помош, а вие треба да го избегнувате честиот престој на ветровито време.
Зимата полека ќе стигне и на нашиот праг. Деновите заладуваат, а промената од топло кон ладно време може навистина да влијае на вашата кожа.
Усните и петите да испукаат, кожата да ве чеша, а рацете да ви бидат суви се само дел од симптомите дека не водите добра грижа во текот на зимата.
Сушењето на усните во текот на зимскиот период е доста честа појава и може да доведе до пукање на усните, појава на рани и крвавење.
Тогаш е од особена важност внесувањето на доволно течности за да не дехидрира кожата.
Балсамот за усни, кармините со заштитни фактори се од голема помош, а вие треба да го избегнувате честиот престој на ветровито време.
Покрај ладното време, причини за испукани усни може да биде стресот, недостатокот на витамини, како и високата температура. Се што треба вие да направите е да им посветите 5 минути.
Не заборавајте дека треба да престанете да ја лижете устата додека дува ветер. Наместо да ги лижете, нанесете балсам, тој подолго време ќе ги заштитува усните од суровото време.
За да имате меки и затегнати усни, секојдневно масирајте ги со четката за заби, додека ги миете забите. По масажата, нанесете масло за усни. За поголеми резултатите, бадемовото масло е одлично за по масажата.
Испуканите пети можат да бидат непријатна и болна појава, а сето тоа е поради сувата кожа. Ваквите ситуации можат да доведат до инфекции и отежнато движење. Превенција е честата нега на стапалата, која подразбира често мачкање со креми кои нема да дозволат кожата да се суши.
Рацете најмногу се изложени на лошото време. Доколку не носите ракавици, рацете можат да се исушат и да испукаат. Честото миење ги отстранува бактериите и вирусите од рацете, но во текот на ладното време допринесуваат за нивно побрзо сушење. Затоа, од особена важност е изборот на сапун. Се препорачуваат благите и масни сапуни, богати со многу масла.
Од препаратите за нега на кожа се препорачуваат масните креми, вазелин, кои најдобро е да се нанесуваат по туширањето.
Доколку им го пружите овој луксуз на вашите усни и кожа, тие ќе ви бидат засекогаш благодарни, а вие притоа нема да потрошите многу време.
.gif)






















.gif)























