
Витаминот Б3 ја штити кожата од надворешните влијанија. Така, таа може да биде хидратирана.
Витамините се од особена важност за кожата затоа што тие можат да го ублажат или до некаде да го спречат стареењето. Добрата исхрана исто така и помага на кожата да стане сјајна и мека.
Кои витамини како делуваат на кожата?
ВИТАМИН А
Овој витамин ги намалува брчките, ги отстранува тврдите делови од кожата и ги избелува темните дамки.
Во кремите е познат како ретинол. Тие најчесто треба да се нанесуваат ноќно време затоа што сончевата светлива има негативно дејство врз овој витамин и го намалува неговото дејство. Доколку се појават некакви иритации од овој витамин, не го нанесувајте секој ден, туку преку неколку дена.
ВИТАМИН Б
Витаминот Б3 ја штити кожата од надворешните влијанија. Така, таа може да биде хидратирана.
Во кремите се препознава по името ниацинамид. Се нанесува навечер, а нема да погрешите доколку го нанесувате заедно со витаминот А.
ВИТАМИН Е
Ја ублажува сувата кожа и на кожата и дозволува да ја зачува природната хидратантност. Исто така го намалува и дејството на сончевите зраци.
Најчесто витамин Е се наоѓа во препаратите за пред и по сончање и всушност тогаш и се нанесува.
ВИТАМИН К
Ги намалува подочниците. Доколку некоја крема содржи и витамин А (ретинол), не значи дека ќе помогне за целосно отстранување на овој проблем, но нема да загубите ништо дури и да пробате.
Сепак, и двата витамина се корисни за кожата.
ВИТАМИН Ц
Не сакате да стареете толку брзо? Овој витамин ги намалува факторите што влијаат на стареењето, ја затегнуваат кожата и ги избледуваат темните дамки.
Во комбинација со витамин А ќе забележите невидени резултати за многу кратко време.
.gif)






















.gif)























