
2 лажици мед и белки од јајце матете ги додека не добиете кашеста смеса. Нанесете ја смесата на лицето и држете ја 20-30 минути. Прво измијте го лицето со топла, а потоа со ладна вода.
Природните маски на нега на лицето се многу поевтини од готовите продукти кои ве чекаат во поскапите продавници за козметика, но во исто време и дупло поздрави. Природните маски можат да се користат на секаков тип на кожа и најчесто се препорачуваат да се користат со чај од камилица.
Кога треба да се нанесе камилицата?
Пред да се стави маската, лицето убаво треба да се испари со чај од камилица, а откако ќе се нанесе маската, очите да се покријат со газа натопена во ваков чај. Сите оние кои имаат проблематична кожа, пред да употребат било каков продукт мора да се консултираат со својот дерматолог.
Ние ви нудиме неколку рецепти за нега на вашето лице, а вие одлучете дали ќе ви одговара или не.
Наместо пилинг користете домашно направен рецепт.
Како се приготвува рецептот?
2 белки од јајца изматете ги со 2 лажици пченкарно брашно и таа смеса оставете ја на лицето 15-тина минути, а потоа измијте го лицето со млака вода. Додека ја отстранувате смесата, правете кружни движења.
Потоа измешајте една лажица мед со ситно мелени бадеми и една лажица сок од свежо исцеден лимон. Нежно тријте ја смесата на кожата и потоа измијте се со топла вода.
Рецепт против брчки
2 лажици мед и белки од јајце матете ги додека не добиете кашеста смеса. Нанесете ја смесата на лицето и држете ја 20-30 минути. Прво измијте го лицето со топла, а потоа со ладна вода.
Овој рецепт не треба да се користи премногу често за да не ја исушите кожата.
Рецепт за свеж изглед
Изгмечете свеж компир, додајте свежо млеко и една жолчка. Направете густа смеса и нанесете ја на лицето. Откако ќе постои извесно време, измијте го лицето прво со топла, а потоа со ладна вода.
Рецепт за чистење на лицето
Доколку кожата на вашето лице не изгледа чисто обидете се да ја поправите состојбата со следниов рецепт:
Измешајте квасец и млако млеко. Нанесете ја смесата на лицето и оставете да се исуши. Потоа измијте ја смесата од лицето со топла, а потоа со ладна вода. овој рецепт препорачуваме да се користи редовно.
.gif)






















.gif)























