
Наведнете се над садот и главата покријте ја со крпа. Останете над пареата онолку колку што можете да останете. Потоа лицето измијте го со ладна вода.
Се вративте од работа! Конечно заврши напорниот работен ден и се што сакате е да ја извадите шминката, да се истуширате и да се релаксирате со добар филм или музика?
Но, што ако при тој напорен ден заборавите дека тоникот за вадење шминка е сосема испразнето?
Што ќе правите тогаш?
Ние ви нудиме неколку предлози за домашен тоник и за секојдневната исхрана на вашето лице.
Јаболков тоник
Што ви е потребно?
2/3 чаша јаболков оцет, 2/3 чаша вода, мало шише.
Во мал сад, измешајте оцет и вода и ставете ја смесата во шишето. Добро протресете го шишето пред употреба штотуку измиено лице. Смесата нанесете ја со памук и не ја мијте. Дозволете да се исуши.
Маска од мед и млеко
Што ви е потребно?
1 белка од јајце, 1 лажица мед, 3 лажици млеко во прав, 1 лажичка течен глицерин (кој може да се најде во аптеките).
Во мал сад помешајте ги сите состојки. Нанесете ја смесата на лицето, но избегнувајте ги очите. Опуштете се и оставете ја смесата да делува 15 минути. Исплакнете го лицето со топла вода.
Оброци за уморното лице
Појадок
2 супени лажици од овесот, 2 лажици јогурт, 2 лажички мед помешајте во мал сад. Нанесете ја смесата на лицето избегнувајќи ги очите. Потоа убаво измијте го лицето.
Ручек
Исчистете една половина авокадо и изгмечете го убаво. Нанесете го на целото лице освен на очите. Затворете ги очите и покријте ги со 2 парчиња краставица. Оставете да делува 15 минути. Потоа убаво измијте го лицето.
Вечера
2 чаши вода, 1 кесички чај и крпа ви е потребно за вечерата за вашето лице. Во тенџере оставете водата да зоврие и ставете ги кесичките со чај. Намалете ја топлината и оставете уште 5 минути. Наведнете се над садот и главата покријте ја со крпа. Останете над пареата онолку колку што можете да останете. Потоа лицето измијте го со ладна вода.
.gif)






















.gif)























