
Овој пилинг нанесете го на мокро тело со мека четка за тело. Нежно масирајте ја кожата, а потоа исплакнете.
Многупати се прашувате зошто новите препарати кои штотуку ги купивте немаат видливи резултати ниту по неколку недели? Кожата по телото ви е се уште сува и изгледа како на стара баба?
Зошто да не заштедите пари и да не добиете прекрасна кожа полна со сјај во исто време?
Затоа, ние ви нудиме неколку совети за домашни маски за нега на вашето тело?
Парчиња од лимон
Што ви е потребно?
База сапун од глицерин, 5-10 капки етерични масла од портокал, лимон, зелен лимон или грејпфрут, 1 пакување боја за сапун (жолта, портокалова или зелена), кружен калап за сапуни, желе од петролеј, восочна хартија.
Како да го приготвите овој рецепт?
Во сад загрејте ја база за сапун. Додадете етерични масла и боја за сапун. Кружните калапи премачкајте ги со желе од петролеј. Внимателно прелијте ја смесата во калапот. Откако ќе се стврдне сапунот, но, да биде се уште топол на допир извадете го од калапот и исечете го на парчиња. Потоа со чепкалка направете црти за да добие изглед на лимон. Ставете ги на хартија и оставете да се изладат комплетно. Чувајте ги сапуните на ладно и суво место.
Ванилин пилинг за тело
Што ви е потребно?
¼ чаша морска сол, ¼ чаша бебешко масло, ½ лажичка ванилин екстракт (или неколку капки од вашиот омилен парфем).
Како да го приготвите овој рецепт?
Измешајте ги состојките додека солта целосно не се покрие со маслото. Овој пилинг нанесете го на мокро тело со мека четка за тело. Нежно масирајте ја кожата, а потоа исплакнете.
Пилинг на стапалата од јагоди
Што ви е потребно?
2 лажици масло (по можност маслиново), 2 лажички крупна сол, 8 двежи јагоди, четка за стапала, лосион за раце и тело.
Како да го приготвите овој рецепт?
Промешајте го масло и солта во сад. Додајте ги јагодите и заедно гмечете ги со виљушка додека не добиете рамномерна смеса. Потоа со четка нанесете ја смесата или на нозете или на рацете. Со кружни движења масирајте околу петата и потоа измијте ја смесата. Нанесете го лосионот и облечете ги чорапите.
.gif)






















.gif)























