woman_biting_fingernailsКако да престанам да ги грицкам ноктите?
Многу девојки го имаат овој проблем, но постојат неколку трикa како да се ослободите од лошата навика.
HighHealedBoot_204x216Manolo Blahniks создаде нов тип високи потпетици
Кралот на високите потпетици успеа да го создаде најсексапилниот пар на пазарот.
voboja111 комбинации со фармерки во боја
Од силните впечатливи бои до нежните женствени нијанси се е дозволено оваа пролет.
crnobeloЦрно–бела комбинација за секоја пригода
Кога немате идеја што да облечете, секогаш потпрете се на црно-белата комбинација.

6 факти за фаталната мода: Ботокс

botoks2

Ботоксот кој се применува за ублажување на природните брчки ги затапува емоциите кај луѓето.

Се почести се случаите на шверцуван ботокс во Македонија, кој не ја поминал потребната контрола за квалитет, и може сериозно да го загрози здравјето на луѓето. Ако се одлучите за ваков чекор бидете навистина внимателни и збогатете го вашето знаење со следните 6 факти за ботоксот:

Статистика

Една од 10 млади жени размислувала да стави ботокс.

Baby Botox

Истражувачите измислија Baby Botox во помали количини за помладите жени. Тој е поевтин од обичниот, но резултатите не се толку долготрајни и за 2 месеци може да ви е потребна нова тура.

Последици

Последици од ставање ботокс може да бидат: иритација на очите, спуштање на очните капаци или изглед на замрзната фаца. Во некои екстремни случаи луѓето може и да се алергични на него. Пациентите треба веднаш да се јават на лекар ако се јават алергиски симптоми како градна болка, тешкотии при дишење, црвенило по телото, абнормално крварење, напади, абнормална срцева акција, алтерација на говорот и крварење на местото на апликација. Ширењето на ботоксот во други делови од телото ги предизвикува овие негативни ефекти како и слабост на мускулите. Досега се забележани неколку смртни случаи, поврзани со употребата на лажен ботокс.

Ги затапува емоциите кај луѓето

Според едно истражување на американските научници ботоксот кој се применува за ублажување на природните брчки ги затапува емоциите кај луѓето. Во својот состав тој содржи една токсична белковина, предизвикувач на ботулизам, која води кон привремена парализа на мускулите и неспособност за целосно изразување на емоциите.

Лек против мигрена

Ботокс третманите според различни научни истражувања се претпоставува дека навистина може да бидат следниот лек против мигрената. Многу од студиите потврдија дека ботоксот навистина ја намалува јачината, времетраењето и зачестеноста на болките во главата. Ботоксот би требало да бидат вбризгуван во делови околу главата и во вратот на пациентите во интервал од 12 недели со што би се намалил интензитетот на мигрената.

Предизвикува појава на нови брчки

Според статијата објавена во магазинот Journal of Cosmetic Dermatology, стручњаците докажаа дека третманот со ботокс наместо да ги испегла несаканите брчки, може да предизвика појава на нови. „Дури и ако замрзнете и парализирате одредени мускули на лицето, тоа ќе најде начин и ќе ги користи другите мускули кои не биле третирани со ботокс, што предизвикува нови брчки"- тврдат стручњаците.




 
Банер
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?