
На козметички фронт омега- 3 масните киселини од рибата помагаат во одржување на кожните клеточни мембрани еластични и силни.
Како му влијаете на вашиот тен со Медитеранската диета за која се придржувате во последно време:
- Рибата, зеленчукот, маслиновото масло и овошјето се ѕвездите кои ја прават оваа диета здрава за срцето. Но покрај ова придобивка таа штити и од меланом, најтешкиот вид на рак, тврдат италијанските научници.
- На козметички фронт омега- 3 масните киселини од рибата помагаат во одржување на кожните клеточни мембрани еластични и силни.
- И антиоксидансите од зеленчукот, како и од маслиновото масло, штитат од ултравиолетовата светлина и други еколошки напади кои можат да го оштетат колагенот и еластинот на кожата, а структурната подлога ја одржува кожата дебела и мазна. Тие се одлична подготовка на кожата за сончевите зраци. Резултатот е помалку олабавена кожа и помалку брчки, подоцна.
- Маслиновото масло, доматите и црвеното вино исто така имаат антиоксиданси кои ги блокираат хемиските реакции кои носат оштетувања од сонцето според доктор Leslie Baumann од Истражувачкиот институт во Флорида.
- Црвеното вино содржи ресвератол, антиоксиданс кој е одличен за кожата, кога се прима во умерени количини. Прекумерната употреба може да ви ја дехидрира и да доведе до сува кожа. Премногу алкохол исто така може да доведе до генерирање на слободни радикали кои може да го прекинат колагенот и да се создадат брчки.
.gif)






















.gif)























