
Една третина од жените ја опишуваат својата кожа како сува, мислејќи на тоа дека е осетлива, груба и иритирана.
Лесно и евтино со неколку нови навики и промени во исхраната постигнете го ефектот на здрава, негувана и сјајна кожа.
- Честото лижење на усните дополнително ги суши. Користете хидратантен балсам за усни самостојно или нанесете го под карминот за да ја зачувате влажноста на вашите усни.
- Една третина од жените ја опишуваат својата кожа како сува, мислејќи на тоа дека е осетлива, груба и иритирана. За решавање на проблемот со сувата кожа користете козметика специјално формулирана за обновување и нега на сувата кожа.
- Домашен рецепт за помека негувана кожа: Домати + маслиново масло
Ликопенот, моќен антиоксидант, кој е најмногу застапен во доматите го спречува штетното дејство на сончевите зраци врз организмот. Меѓутоа, за помека кожа, препорачливо е најпрво да се прелијат со маслиново масло.
Здравите масти во овој медитерански оброк овозможуваат подобра апсорпција на ликопенот од страна на организмот, а пак маслиновото масло е веќе добро познато по неговото заштитно дејство врз кожата.
Една студија откри дека лицата кои внесуваат големи количини на маслиново масло се многу помалку склони кон брчки, можеби поради тоа што ова масло ја спречува појавата на оксидативен процес, кој предизвикува предвремено стареење на кожата.
- Кожата на лицето е најтенка затоа користете нежно средство за чистење на лицето кое не ја суши кожата и хидратантна крема со долготрајно дејство. Дозволете си еднаш неделно употреба на хидратантна маска за лице.
- Зачувајте го сјајниот и младешки изглед на вашите раце со помош на добра крема за раце која секогаш ќе ви биде на дофат на вашето биро или во бањата, за да се осигурате дека вашите раце ќе ви бидат заштитени во секое време.
.gif)






















.gif)























