
Омега – 3 масните киселини од семките од сончогледот ја подобруваат текстурата на кожата.
Бројните препарати и скапа козметика ќе бидат бескорисни ако не ги комбинирате со здрава исхрана. Убавината доаѓа однатре и затоа итно во вашата исхрана внесете ги овие 4 продукти кои ќе и помогнат на вашата кожа да изгледа убаво, здраво и сјајно.
Неопходни моркови
Две состојки од морковот: витаминот А и бета каротинот се посебно се значајни за здрава и убава кожа.
Витаминот А го спречува развојот на ракот на кожата. Тој и го враќа сјајот и природната убавина на кожата. Тој исто така игра клучна улога во растот и развојот на кожата и овозможува репарирање на оштетувањата настанати од УВ зрачење.
Бета каротинот од морковот е моќен антиоксиданс. Тој се нарекува и „природен чадор за сонце“, бидејќи ја штити кожата од штетните ултравиолетови зраци, намалувајќи ја активноста на слободните радикали, кои настануваат поради емисијата на УВ зраци т.е. при сончањето.
Дневна доза бадеми
Сите состојки на бадемот, а посебно витаминот Е поволно делуваат на кожата. Витаминот Е се нарекува и „витамин на убавината“, бидејќи ги поттикнува бројните хемиски реакции во организмот, кои ја подобруваат состојбата на кожата.
Тој е јак антиоксиданс и има позитивен ефект на сите типови на кожа. Студиите на Америчкото дерматолошко друштво објавиле дека дози на витамин Е од 400 IU дневно, го намалуваат ризикот од оштетување на кожата поради изложеност на сонце, па истовремено се намалува и продукцијата на канцерогени клетки.
Здрави семки од сончоглед
Омега – 3 масните киселини од семките од сончогледот ја подобруваат текстурата на кожата и го спречуваат појавувањето на пигментациите на кожата и ги ублажуваат брчките.
Покрај големата количина на омега-3 масни киселини, во семките на сончогледот има и големо количество на витамин Е и селен, кои исто така се важни за здрава и убава кожа.
Консумирајте компир
Компирот е богат со витамин Ц, кој е многу важен витамин за кожата. Витаминот Ц е е клучен за производство на колаген, кој е потребен за здрава и убава кожа
Тој исто така ги намалува лузните и брчките на кожата, помага во отстранувањето на темните дамки на кожата и го враќа природниот сјај на кожата.
.gif)






















.gif)























