
Покрај чувство на пријатност по миењето на лицето, вашата кожа ќе биде поздрава.
Запомнете, залудно ви се сите скапи крем против брчки, стареење и слично ако на вашата кожа не и дадете вода!
Почетокот и основата на негата на секој тип кожа, без оглед на возраста, е хидратацијата. Затоа по утринското и вечерното чистење обезбедете и го потребното количество вода, секој ден до крајот на животот. Кожата е огледало на здравјето.
Вашата кожа и да не е сува и чувствителна, сепак има потреба од ова нејзино задоволство. Покрај чувство на пријатност по миењето на лицето, вашата кожа ќе биде поздрава. На тој начин ги спречувате штетните последици од стресот и до нечистиот воздух, ефектите од сапунот и од средствата за чистење.
Совет плус за хидратантните креми:
Користете креми со хидратантни состојки за вашата кожа да создаде ефикасен заштитен слој.
Поголемиот дел од нив навлегуваат во површинскиот дел на кожата и се врзуваат со веќе присутната вода, а дел остануваат на површината и и помага на кожата да закрепне и да го зајакне нејзиниот природен заштитен филм составен од вода, себум и пот.
Информација плус за заштитниот слој на кожата:
Kожата на целото тело е покриена со заштитен невидлив спој наречен хидролипиден филм.
Ако овој слој редовно се снабдува со потребното количество вода, ќе остане неоштетен и ќе ја исполни својата заштитна функција.
Освен што ќе го спречи испарувањето на водата од кожата, ќе ги заштити подлабоките слоеви, но и целото тело од надворешните штетни влијанија и преминувањето на микроорганизмите и алергените.
Освен тоа, кога кожата има доволно вода таа е сјајна, мазна на допир, помека и поеластична и изгледа посвежо. Токму затоа дерматолозите тврдат дека кожата која покажува знаци на сувост е потенцијално болна и дека нејзините одбранбени способности се многу слаби.
.gif)






















.gif)























