
Во сок од половина лимон и половина портокал изматете сина глина , додека не добиете убава паста.
Години наназад ве мачи истиот проблем со кожата и решивте дека конечно е време за преземете нешто во врска со тоа? Започнете со домашно приготвени маски на база на лимон. Помогнете и на вашата премногу сува или мрсна кожа.
Кожата ви е сува?
Изматете една жолчка од јајце со една лажичка маслиново масло, па додадете една лажичка лимонов сок. Добиената смеса намачкајте ја на чиста и со пилинг подготвена кожа и држете ја околу половина час, а потоа масирајте го лицето со кружни движења десетина минути, додека не почувствувате топлина на кожата. Исплакнете со млака вода и ставете хидратантен хранлив крем.
Имате мрсна кожа?
Во сок од половина лимон и половина портокал изматете сина глина, додека не добиете убава паста. Смесата мешајте ја со дрвена лажица во стаклена чинија и веднаш намачкајте ја на кожата.
За маската да не се стегне брзо, а и за да се зајакне ефектот, покријте го лицето со фолија и држете ја првите 20 минути, а потоа извадете ја за да се зацврсти маската. По половина час измијте го лицето со млака вода, а потоа со ладна. Не ставајте веднаш крем, доколку кожата не се затегне и првути.
Повторно ве мачи првутот?
Навечер, пред спиење, измасирајте млако маслиново масло со коренот на косата, посебно на оној дел од темето кој е погоден од себореја. Ставете капа за капење и завиткајте со крпа.
Еден час пред миење, во коренот на косата измасирајте сок од еден лимон и повторно ставете ја капата и завиткајте со крпа. Ова може да го повторите неколкупати неделно. Првутот ќе исчезне, а косата истовремено побрзо ќе расте и ќе изгледа поздраво.
Имате проширени пори?
Кожата со проширени пори обично е мрсна и многу сјајна, па и шминката на неа се топи и разлева. Лимонов сок може да го отстрани вишокот сјај.
Парче газа прво потопете во вода, па во лимонов сок, па со него добро истријте го лицето. Поради погрубата структура, газата подобро ја чисти кожата од ватата.
.gif)






















.gif)























