
На вашата убавина и е потребна соодветна нега за да блеска уште години од сега.
Лицето говори за вас. На вашата убавина и е потребна соодветна нега за да блеска уште години од сега, затоа во продолжение имате 4 маски кои се познати многу одамна. Ви ја откриваме тајната на убавината на Клеопатра, но и на актерката Maria Montez. Eве ги најдобрите светски совети за убавина.
По рецептот на Клеопатра:
Основа на оваа маска се две-три лажици песоклива земја. Помешајте ја земјата со две-три големи лажици несварено млеко и со една чајна лажица пчелин мед.
Со рамна мека четка нанесете од кашата на кожата, но усните, очните капаци и носните шуплини оставете ги слободни. Оставете да дејствува половина час, потоа измијте се со топла вода, а со ладна исплакнете се. Со млеко до здрава кожа по рецептот на Клеопатра.
Тајната на античките Римјанки:
Уште пред 2.000 години Римјанките ја потхранувале кожата на лицето со оваа маска. Две големи лажици масно млеко да стане кашесто, го нанесувате на кожата на лицето и го оставате да се стврдне.
Потоа со врвовите на прстите симнете ја маската со кружни движења, триејќи ја притоа и кожата. Потоа најпрво измијте се со топла вода, а дури потоа со ладна. Маската чисти, освежува и ја матира кожата.
Егзотичната убавина на жените од Доминиканската Република:
Преубавата актерка Maria Montez родена во Доминиканската Република, го освои светот со својата егзотична убавина. Таа го негуваше своето лице по овој рецепт: Еден филџан бел грав во зрно се вари во малку вода и се пасира низ ситно сито. Таа топла вода со половина лимон и една лажица масло се меша и додека е уште топла се нанесува на кожата на лицето. Оставете ја да дејствува 15 до 20 минути. Потоа најпрво измијте се со топла вода, а потоа со ладна. Маската ја храни кожата, ја мазни и е погодна за секоја нежна и чувствителна кожа.
За холивудски блесок:
Ова е тајната на негуваната убавина на актерката Rita Hayworth: Две големи лажици овесно или пченкарно брашно да се помешаат со белка од јајце, па добро да се измати. Таа паста се нанесува на кожата и се остава да дејствува 15-20 минути. Исушената маска се вади со крпа. Потоа најпрво измијте се со топла вода, а потоа со ладна.
.gif)






















.gif)























