
Обична дебела четка ќе биде сосема корисна, но ако сте фанатик за шминка тогаш појдете и купете си специјална четка.
Летото е време да блеснете со сиот свој сјај затоа подгответе ја кожата за сончевите зраци. Потоа надополнете го вашето благо исончано лице со нанесување на бронзер и истакнете го тенот со облека во бела боја.
Треба да запомните дека многу е важно вашиот бронзер да не биде премногу темен, ниту премногу јак.
Кога купувате бронзер треба да го држите блиску до вашето лице и да се погледнете во огледало. Бронзерот треба да биде само две нијанси потемен од вашата кожа, според светските шминкери.
Променете ја основата
Ако сакате да носите шминка под бронзерот, треба да промените и да ставите малку потемна боја за основа. Таа нека биде една нијанса потемна од вашата кожа, така вашата кожа ќе биде поблиску до нијансата на бронзерот и тој нема да изгледа премногу темен.
Најдобро е да користите 2 вида на пудра. Една посветла и една потемна за во текот на летото кога сте исончани.
Избор на четка
Обична дебела четка ќе биде сосема корисна, но ако сте фанатик за шминка тогаш појдете и купете си специјална четка.
Специјалните четки имаат повеќе влакна и се поцврсто приврзани едно за друго, па така со едно нанесување ќе имате повеќе боја.
Правилно нанесување
Сега кога ја пронајдовте вистинската нијанса и пудра, подготвени сте да започнете. Со четката направете форми во вид на бројката „3“ на двете страни од вашето лице. Започнете од челото, повлечете преку образите и со четката следете ја вашата вилична коска се до брадата.
Запомнете да нанесете малку и на вашиот врат. Ако ја носите косата собрана во високо опавче, тогаш треба да ставите бронзер и на задниот дел од вратот.
Кога еднаш ќе ја совладате техниката на нанесување на бронзерот можете да се фокусирате и на деталите. Бронзер нанесувајте и на јаболчниците и по должината на носот, тоа ќе ви даде ефект на свежина и сјај.
.gif)






















.gif)























