
Масажата овозможува тонус на мускулите на лицето.
Шминката не секогаш помага да ja скриете сивкастата нијанса и уморниот тен на кожата. И доколку тоа го направите со идеална подлога и добро избрана нијанса на руменило, не значи дека проблемот е решен.
Сивкастиот тен ве издава за стресниот и напорен ден или промената на годишното време, но може да биде и показател на здравствената состојба во целина.
Здравиот и сјаен тен е основа на привлечноста на жената. Затоа ќе ви ги откриеме тајните како да го вратите природното руменило на лицето.
Исхрана
Во мисијата за здрав изглед најдобро е да почнете од храната.
Без разлика дали сте задоволни од фигурата, одвојте неколку дена за диета или денови за детокцификација на организмот. Витамините и минералите кои ќе ги вклучите во исхраната благородно ќе се одразат на вашата кожа.
По правило, станува збор за диети основани на продукти од растително потекло. Вашиот тен ќе биде благодарен за поголемото консумирање на свежо цеден лимоновиот сок, потоа вклучете го маслиновото масло во секојдневната исхрана, а исто така и млечните производи, пред се павлаката и мајонезот.
Масажа
Масажата овозможува стимулирања на циркулацијата не само на горниот слој - епидермисот, туку и на подлабоките слоеви на кожата. Истовремено, овозможува тонус на мускулите на лицето.
Направте раствор од камилица и замрзнете го. Со коцките лед од овој напиток помнувајте го лицето, по што масирајте го лицето со бебешко масло.
Енергетски креми
Еве кои состојки треба да се задолжителни во кремите и лосионите кои секојдневно ги користите, доколку посакувате здрав тен:
Женшен – ја тонизира, освежува, стимулира, оздравува кожата.
Ливчиња од роза - ја омекнуваат и подобруваат структурата на кожата.
Екстракт од какао - и овозможува на кожата да дише и ги снабдува клетките со енергија.
Жалфија - ја смирува и го подобрува природниот пигмент на кожата.
.gif)






















.gif)























