
Козметичката глина е погодно решение за проблемот со проширените пори.
Проширените пори се уште една дилема за вашата кожата и непријател плус на беспрекорниот изглед. Најнепријатното е тоа што освен неубавиот изглед, проширените пори претставуваат место за размножување на бактериите што резултира со појава на акни и несовршености од друг тип.
Овој проблем особено е застапен кај жените со комбинирана или масна кожа, а како најзасегнат дел е Т-зоната, oдносно кожата на носот, челото и брадата.
Против сите фактори
За претставничките на понежниот пол кој се соочуваат со овој проблем, разочарувачки е фактот дека тој се крие зад генетичките предиспозици, но затоа, денес постојат низа средства и методи кои проблемот ќе го направат помалку видливи и впечатлив.
Доколку забележите драстични промени на порите на кожата, тогаш треба серозно да размислите за стресот на кој се изложувате бидејќи тоа води до хиперфункцијата на лојните жлезди што резултира со појава на овој проблем. Исто така, треба да преземете нешто поконкретно околу зајакнување на имунитетот во целина.
Во екстремни случаи станува збор за нарушување на работата на тироидната жлезда како последица на што се зголемува излачувањето на мастите кои ги прошируваат порите.
Нега во 3 чекори
Чистење: Секојдневната нега подразбира задолжително чистење на лицето бидејќи честопати пудрата или другите средства од декоративна козметика навлегуваат и остануваат длабоко во порите, со што дополнително ги прошируваат. Затоа одбегнувајте ги густите пудри кои потешко се отстрануваат од кожата.
Пилинг: Избегнувајте пилинзи со груби и големи честички. Најефективно решение за овој проблем е хемискиот пилинг кој е достапен во речиси сите современи козметички салони. Погоден е за длабинско чистење и сушење на порите.
Маска: Следниот чекор во негата треба да бидат маските со лесна текстура за да не останат честички од нив во порите на кожата.
Одлучете се за козметичка глина која можете да ја пронајдете во аптека, а во домашни услови можете да направите раствор од вода и исцеден лимон и да ја тампонирате кожата неколку пати на денот.
Идеална, за кожа од ваков тип, е маска од белка од јајце со неколку капки лимот.
Растворите од билки како што се камилицата, зелениот чај и еукалиптусот може да ја смират иритацијата на кожата.
И не заборавајте дека вашата кожа го заслужува најдоброто!
.gif)






















.gif)























