
Изберете креми и гелови кои во својот состав содржат екстракт од коштаново дрво или масло од чајно дрво и колаген.
Вашите кратки фустани и ова лето останаа во плакарот токму затоа што не сакавте да ги покажете нозете со стрии?
Правилото дека се појавуваат во пубертетот или по бременоста како последица на драстичната промена на телесната тежина се потврди и на вашата кожа.
Сега се соочувате со разочарувачкиот факт дека стриите кои еднаш се појавиле тешко се отстрануваат, но може да ги направите помалку видливи и да ја спречите појавата на истите на другите делови од кожата.
Доколку сакате да бидете млада и убава мајка, потребно брзо да реагирате.
-
Еве кои совети ќе ви помогнат:
- Стриите може да бидат последица на зголеменото лачење на хормонот на стрес познат како кортизол поради што најдобро ќе биде да посетите ендокринолог за да не се препуштите на ризикот од повеќе стрии.
- Во исхраната вклучете поголемо количество на вода кое е одговорно за еластичноста на кожата и недостатокот од истата предизвикува кинење на поткожните еластични влакна што резултира со појава на стрии. Не заборавајте на витамините А, Е и Ц, цинкот и силициумот.
- Доколку за време на бременоста не сте користеле креми или гелови против стрии или попознати како креми за идни мајки ќе мора да се посветите на дополнителната нега. Изберете креми и гелови кои во својот состав содржат екстракт од коштаново дрво или масло од чајно дрво и колаген кој е одговорен за регенерација на кожата. Состојките на маслото од рузмарин, исто така, имаат ефикасно дејство во намалувањето на видливоста на стриите.
- За критичните делови од кожата како што е кожата на задникот, градите, стомакот и делот зад колената не штедете на кремите за хидратација и масирајте ја кожата за да може да може тие да продрат во подлабоките слоеви. Масажата како дел од негата против стрии е особено погодна за време на туширањето.
- Пред фитнес тренингот или било кој друг спорт, размрдајте го телото. Интензивното и нагло движење може да биде причина за пукање на поткожното ткиво што резултира со појава на стрии.
И на крај, појавата на неколку стрии нека не биде причина за губење на вашата самодоверба. Овие совети ќе ви помогнат проблемот да го направите помалку забележлив и да заборавите на стриите!
.gif)






















.gif)























