
Есенската нега подразбира средства за чистење на лицето кои не содржат алкохол.
Есента и промените на температурите кои доаѓаат со неа може да имаат големо влијание врз кожата на вашето лице.Соочувајќи се со низа надворешни закани за вашиот убав и негуван изглед ќе мора да реагирате навремено.
Побрзајте да ги замените летните средства за нега и да одвојте по неколку минути за секојдневна нега на кожата во есенскиот период.
-
Еве кои чекори ќе ви помогнат да направите добро дело за вашата кожа:
- Преминете на благи средства за чистење на лицето кои не содржат алкохол. Исто така, откажете се од средствата за лице кои содржат салицилна киселина.
- Во борбата со утринското студенило изберете богата хидратантна крема која содржи растителни екстракти. Нанесувајте ја 30 минути пред излегување. Пружете и дополнителна заштита на кожата со пудра и не заборавајте на балзамот за усни кои може да испукаат од есенскиот ветар.
- Исчезнувањето на темниот тен е последица на изумирањето на клетките кои содржат малатонин кој се добива со изложувањето на сонце, но за жал овој процес никогаш не се случува рамномерно. Појавата на дамките на лицето како последица на сончањето може да ја спречите со нежен пилинг кој ќе ја измазни кожата. Во оваа мисија од голема помош за вашата кожа може да бидат сокот од лимон, краставица, морков или белката од јајце.
- Не заборавајте на маските за лице кои во есенскиот период треба да бидат задолжителна храна за вашата кожа. Следете ги следниве домашни идеи за сјај на лицето!
- Иситнете и столчете половина јаболка и промешајте ја лажичка мед, лимонов сок и маслиново масло. Ваа маска е идеална за масна кожа и за осветлување на дамките од сончањето.
- Столчете половина варен компир и додадете лажичка млеко и една жолчка од јајце. Оваа маска ќе ја хидратира сувата кожа.
-Столчете парче варена тиква и измешајте со една жолчка и една лажичка мед. Оваа маска е погодна за оживување на сите типови на кожа.
.gif)





















.gif)























