
Наутро е идеално време да ја подготвите кожата за штетните надворешни влијанија кои ја очекуваат во текот на денот.
Вашата кожа ќе ви биде благодарна доколку негата за неа ја потчините на правилата на природните ритуали за убавина. Тоа подразбира задолжителни пет минути за нега наутро, на сред ден и навечер и правилно избрани средства на природна основа.
Верувајте дека изборот на лесни природни компоненти во средствата за кожата и редовната секојдневната нега резултираат со здрава и сјајна кожа! Само следете го следниов ритуал!
Утринска хидратација
Наутро е идеално време да ја подгoтвите кожата за штетните надворешни влијанија кои ја очекуваат во текот на денот. Хидратацијата, односно навлажнувањето, на некој начин, претставува и бариера за сите негативни последици од околината.
Според правилата на природата, препорачливо е лицето да го миете со превриена вода во која можете да додадете неколку капки лимон или јаболков оцет. Овој воден еликсир ја освежува кожата и ја одржува Ph вредноста на епидермисот.
Следниот чекор треба да биде дневната крема при изборот на која треба да внимавате на нејзините компоненти. Внимавајте тие да бидат од растително потекло и кремата задолжително да содржи витамини кои се неопходна храна за кожата.
Дневно освежување
Несаканиот блесок, кој се појавува во текот на денот, е резултат на активноста на масните жлезди. Затоа, во било кое време од денот, имајте при рака распрскувач со термална вода или со свеж и оладен чај од камилица.
Внимавајте пудрата која ја користите да има органски состав и да е богата со минерали кои ќе го спречат предвременото стареење на кожата.
Вечерни маски
Вечерта е време за да го разгалите лицето со природни маски и, на тој начин, да создадете услови за регенерација на клетките во текот на ноќта.
Ноќната крема нанесете ја на исчистена кожа, а вишокот отстранете го со салфетка.
Еве кои домашни природни идеи ќе ви помогнат да ја разубавите кожата:
Пилинг маска - изрендан морков, маслиново масло и гриз.
Хранлива маска - мелени бадеми и масло од праска.
Навлажнувачка маска - банана и млеко.
Тонизирачка маска - чај од бел слез, коњско опавче и сок од алое вера.
Овие состојки промешајте ги и нанесете ги на исчистено лице. Доволни се 20 минути за да го почувствувате ефектот на природата врз вашата кожа, по што измијте го лицето со млака вода и нанесете хранлива крема.
.gif)






















.gif)























