
Во зимскиот период не излегувајте од дома без ракавици кои, освен што ќе ве стоплат, ќе ја заштитат кожата од пукање.
Студеното време може да биде причина за сушење на кожата на рацете. Освен ниските температури, причина за тоа може да биде и миењето на рацете со премногу жешка вода и сапуни кои содржат хемикалии или премногу сувиот воздух во просториите каде престојувате.
Исто така, непријатното чувство на сувата и испукана кожа на рацете може да биде последица на дехидратација на организмот или недостиг на одредени витамини во оргазнимот.
Хидратација - три пати на ден
Секогаш при рака имајте високо хидратирана крема за раце и нанесувајте ја најмалку три пати во текот на денот. Избегнувајте ги навлажнувачите што содржат алкохол или мириси затоа што тие дополнително ги сушат рацете.
За екстремно суви раце, користете навлажнувачи со вазелин, хидрокотризон и млечна киселина.
Ноќната хидратација на рацете е задолжителна по што на рацете ќе ставите памучни ракавици.
NotForMen препорака: Домашен СПА/С за вашите раце!
Дезинфекција
Иако зимата е период на настинки и грип, користењето на течност за дезинфекција на рацете која содржи алкохол може дополнително да ја исуши кожата. Користете течност која не содржи алкохол за да го избегнете овој проблем.
Повеќе течност и витамини
Иако во студениот период не сте жедни, внимавајте да го внесувате потребното количество на вода во организмот. Најверојатно веќе знаете, за помека кожа внесувајте околу 1,5-2 литри вода во текот на денот.
Дерматолозите посебно ја нагласуваат неправилната исхрана како причина за проблемите со кожата, па затоа препорачуваат доволно и соодветно внесување на витамини.
Еве кои совети плус ќе ви ја олеснат негата на рацете во зимскиот период:
.gif)





























.gif)























