
За нега на кожата на телото одберете лосион со лесно впивлива текстура и изобилство од витамини и антиоксиданси.
Со есенските денови ниските температури ги покажаа своите заби, а вие ги забележавте и првите негативни последици за вашата кожа, лупењето на кожата на Т- зоната, испукани усни, црвенило, па дури и иритација. Секојдневната рутинска нега не е доволна за да се спротивставите на студеното и ветровито време како најголеми надворешни непријатели на вашата кожа.
Еве од каде да ја започнете негата на вашата кожа за да го сочувате нејзиниот здрав и привлечен изглед во пресрет на зимата! И не заборавајте дека хидратацијата е клуч за блескава кожа!
NotForMen препорака: Совети за сувата кожа на рацете
Хидратирано и заштитено лице
Заменете ја старата дневна крема за лице со нова која во својот состав ќе содржи поголемо количество на масла. Посетете ја најблиската аптека или локалната парфемерија и изберете крема со масло од роза, камилица или сладок портокал.
Исто така, внимавајте на заштитниот фактор кој треба да биде доволно силен за да формира заштитна мембрана за вашата кожа која нема да ги пропушта надворешните влијанија.
Калциумот е добредојден во составот на вашата дневна крема, а исто така освен во исхраната препорачливо е да го консумирате и како витамински суплемент.
Нежно и топло тело
За нега на кожата на телото одберете лосион со лесно впивлива текстура и изобилство од витамини и антиоксиданси.
По долгиот и напорен ден препуштете се на масажа на телото со благ пилинг, а по туширањето продолжете со масло за масажа.
Етеричните масла се вистински рај за сетилата, а кожата ќе ви биде благодарна за нежните движења кои ја подобруваат циркулацијата. Со кружни движења тапкајте ја кожата за да го спречите таложењето на масните наслаги што е особено важно за спречување на појавата на целулит на критичните делови од телото.
Погледнете ги производите за зимска нега на кожата кои можете да ги најдете низ нашите продавници!
.gif)





























.gif)























