
За неодолив поглед, одберете маскара која ќе го дефинира раскошот на вашите трепки и нанесете ја откако ќе ги поминете со малку пудра во прав.
Женскиот стремеж за совршено нашминкано лице не ве одмина ниту вас? Правилниот избор на декоративна козметика и неколкуте мејк ап трикови може да ги избришат сите дилеми за идеално прекривање на недостатоците на кожата, истакнување на погледот и сензуалноста на усните!
За да ја нагласите природната убавина на вашето лице, доволна е малку шминка и нејзино правилно нанасесување.
Вие само треба да посегнете по најдоброто и да ги следите 3-те чекори кои значат безпрекорна шминка за вашето лице.
Совршена основа
Редовната нега на лицето е синоним за младешка кожа, а за неодолив изглед основата е задолжителна.
Првиот чекор од шминкањето е изборот на совршена подлога која ќе го изедначи вашиот тен и наедно ќе ја заштити кожата од негативните надворешни влијанија.
Најпрвин нанесете соодветна хидратантна крема, потоа со коректор, корегирајте ги темните дамки, подочниците и акните на кожата и на крај нанесете ја течната пудра.
Орифлејм, како резултат на спојот на природата и предностите на технологијата, ја нуди пудрата која совршено се прилагодува на тенот на кожата.
Префинетоста на кожата ќе ја постигнете со пудра во прав која ќе ја нанесете преку целото лице. Јаболчниците истакнете ги со руменило во нежна нијанса.
NotForMen препорака: Темен кармин за гламурозна есен
Впечатлив поглед
Оваа сезона, во тренд се безвременскиот луксуз и елеганција на вашите очи. За таа цел изберете ја палетата на кафени нијанси и не плашете се да експериментирате за да го постигнете совршениот ефект на вашите очи.
Светлата сенка нанесете ја преку целиот очен капак, а надворешниот агол од окото нагласете го со потемна сенка. За гламурозен поглед, оцртајте ги аглите на очите со молив со метален сјај.
За неодолив поглед, одберете маскара која ќе го дефинира раскошот на вашите трепки и нанесете ја откако трепките ќе ги поминете со малку пудра во прав.
Сензуални усни
За страсните вљубенички во карминот, оваа сезона е вистинско време да блеснат со богато колоритен кармин. Палетата на бои за кармини, оваа есен е многу побогата со храбри нијанси и порачува да ги нагласите усните со нијанса на црвено, бордо или портокалово.
Освен бојата, обрнете внимание на хидратирачките компоненти и тексурата на карминот. Одлучете се природни екстракти во составот на вашиот кармин.
За совршена шминка, погледнете ги хит производите од декоративната козметика на Орифлejм!
.gif)






























.gif)























