
Еластичноста на кожата зависи од колагенот чија функција ќе ја потикнете со доволно количество на витамин Ц во организмот.
Често ви се случува да бидете жртва дури и на најскапите и докажани средства за нега на кожата? И покрај редовната нега, денот ви започнува со соочувањето со неизедначениот тен на кожата, неколку нови акни, а веќе се појавија и првите брчки. Студот како да претставува закана да ја украде и последната влажност на вашата кожа?
Време е да ја посетите кујната и таму да ги побарате сојузниците за здрава, убава и сјајна кожа!
Погледнете кои продукти се задолжителни во вашата исхрана за да проблемите со кожата ги доживеете како минато!Истовремено можете да ги искористите како маски за лицето!
За еластична кожа
Еластичноста на кожата зависи од колагенот чиe дејство ќе го потикнете со доволно количество на витамин Ц во организмот.
Консумирајте лимон, портокал, малини и киви, а лидер во изобилството на овој витамин е шипката.
Освен како свежи продукти можете да направите и раствор од исцеден сок од овие продукти помешан со термална вода.
Растворот може да ви послужи за тонизирање на кожата или како облога која ќе ја оставите на лицето околу 15-ина минути по што лицето ќе го измиете со млака вода и ќе нанесете хидратантна крема.
Незасладениот чај од шипка содржи одлични навлажнувачки компоненти кои ќе бидат добредојдени за вашата кожа.
За сјајна кожа
За свеж и сјајен тен одговорни се антиоксидансите, а во прв ред витаминот Е кој го обновува горниот слој од епидермисот.
Избирајте креми со поливитамински комплекси во својот состав.
Најполезните витамини за вашата кожа се содржат во растителните масла, јајцата, зеленчукот и семките од овошје.
За блескава кожа направете маска од јогурт со ниска масленост, една лажичка мед и едно јајце. Оставете ја смесата во фрижидер на половина час, а потоа нанесете ја на кожата на лицето (околу 20-ина минути). Оваа маска е идеална за подобрување на циркулацијата и го прави вашиот тен неодолив.
NotForMen препорака: Нега на кожата и усните во зима
Против акни
Деновите кога кожата ви е склона кон појава на акни заборавете на тестенините, оризот и компирите во исхраната бидејќи тие го зголемуваат нивото на инсулин во крвта како последица на што кожата може да биде изложена на воспалителни процеси.
Одлучете се за продукти во црвена боја како на пример црвен грејпфрут, домати, јаболка, калинки, брусница...
Воспаленито на кожата можете да го смирете со маска од домати која ќе ја нанесете само на критичните делови од лицето. Оваа маска е идеална и за намалување на порите на лицето.
Против брчки
Антиоксидансите од растително потекло се одговорни за забавување на процесот на стареење на тој начин што формираат заштитен слој на површината на кожата. Освен тоа тие имаат и антибактериско дејство.
Во борбата против стареењето на кожата ќе ви помогне бокал црвено вино за време на ручекот или вечерата како и свежо или суво грозје.
Направете тоник од исцеден сок од грозје и исто толку млеко. Дваесет минути по нанесување на тоникот исплакнете го лицето со млака вода.
Дознајте ги советите како да ја негувате кожата на усните за да ги избегнете непријатното пукање во зимскиот период!
.gif)





























.gif)























