plavi_oci__si_ja_dopira_kozataСовети за вашата кожа
Сигурни ли сте дека знаете се што е потребно на вашиот тип на кожа?
xpSx2QN--fWlНајжешките пролетни трендови
Плакарот на познатите е најдоброто место ако сакате да направите пролетна трансформација.
osvezen6 трикови за свеж пролетен изглед
Со розови обравчиња, опавче и полни веѓи пролетната нота нека влезе во вашето секојдневие.
noviteti16 комбинации за свечени пригоди – 2 дел
Минималистичкиот изглед закитете го со салонки во силна црвена боја и раскошен прстен.

Совршен пилинг за вашето лице

pilinggol

Изумрените клетки може го отежнат снабдувањето на кожата со кислород и наедно правилната хидратацијата на кожата.

Тајната на свежата, блескава и нежна кожа многу често се крие во средството за пилинг со кое се отстрануваат сите нечистотии од површината на кожата.

Изумрените клетки може го отежнат снабдувањето на кожата со кислород и наедно ја отежнуват правилната хидратацијата на кожата поради што таа добива сивкаст и уморен изглед.

Понекогаш секојдневното чистење и миењето на лицето не се доволни за да се отстранат сите нечистотии насобрани во порите. За таа цел одвојте место на вашата тоалетна масичка за пилинг средство за лице.

Пред да го купите дознајте на што треба да внимавате при неговиот избор и употреба!

  • Пречестото користење на пилингот може да го оштети површинскиот слој на кожата и да ја направи чувствителна.
  • За да го спречите тоа, дерматолозите препорачуваат пилинг постапката да ја усогласите во зависност од вашиот тип на кожа.

    Нормалната кожа ексфолирајте ја  два до три пати неделно.

    За сува кожа се препорачува пилинг три до четири пати неделно.

    За масната и чувствителна кожа доволен е пилинг еднаш неделно.

  • Избирајте пилинзи кои содржат гранули од природни состојки како на пример семки од праска или кајсија, шеќер морска сол или кора од кокос.
  • Масна кожа - избирајте пилинг гелови со екстракти од глина која ги суши порите.

    Сува кожа - избирајте пилинзи со кремаста текстура.

    Нормалната кожа дозволува да експериментирате при изборот на пилинг средство.

     

     NotForMen препорака: Како до чиста кожа на лицето?

  • Пилинг средството нанесувајте го лесни масирачки движења притоа миејќи го лицето со млака вода. Исто така, можете да искористите меко сунѓерче или луфа од нежен материјал.
  • Во домашни услови можете да ги искористите следниве состојки за да направите пилинг на лицето!

    За нормална кожа, промешаје шеќер и мелено кафе со павлака, мед или столчена банана.
    Сувата кожа можете да ја ексфолирате со смеса од овесни снегулки и млеко.
    За масна кожа промешајте овесни снегулки, мелени зрна од ориз и чај од камилица.
    За нормална кожа, промешаје шеќер и мелено кафе со павлака, мед или столчена банана.
    startstop
    fwd
    1 / 3
    bwd







 
Банер
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?